Македонија

Димитриеска Кочоска: Јавниот долг се’ уште под 60% од БДП

Министерката за финансии вели дека состојбата со јавниот долг апсолутно не треба да загрижува и годинава ќе биде исполнета обврската за фискалана консолидација

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска вели дека успешно се менаџира растот на бруто домашниот производ и на јавниот долг кој, според неа, е под строга контрола и сè уште е под 60 проценти од БДП

Како што изјави синоќа, состојбата со јавниот долг апсолутно не треба да загрижува и годинава ќе биде исполнета обврската за фискалана консолидација.

Вели дек тоа апсолутно не треба да не загрижува.

„Не само сега, туку многу пати и во минатото сум зборувала, многу е важно за што се задолжуваме. Тоа е она истото, ако одите во банка и земете одредено кредитирање, тогаш прашањето во целата таа ситуација е дали тој кредит којшто ќе го земете за одредена инвестиција е оправдан или не. Ако погледнеме во изминатиов период процентот на бруто домашниот производ јасно кажува дека растот којшто сме го планирале, нели, го остваруваме.

Сето тоа е резултат на тие нови задолжувања, така што мислам дека во изминатиов период успешно го менаџираме растот на Бруто домашниот производ и растот на јавниот долг, којшто е под строга контрола да кажам и сè уште е под 60 проценти од бруто домашниот производ, рече министерката Димитриеска Кочоска во гостување на ТВ Телма.

Прашана колку ќе се зголеми буџетскиот дефицит со ребалансот на Буџетот, посочи дека се уште се работи и се анализираат состојбите според барањата на министерствата и оти врз основа на тоа ќе се констатираат конечните бројки.

„ Она што во моментот можам да го кажам кога станува збор за приходната страна, акцизите како резултат, пред се, на мерките кои имавме во изминатиот период поврзани со нафтата и нафтените деривати, таму можеби ќе имаме надолна корекција во однос на приходната страна. Пративме допис до Царинската управа со цел да видиме какви се нивните проекции, врз основа на тоа дали ќе видиме дали ќе коригираме. Како резултат на тоа доколку нема одредени корекции на расходна страна, по автоматизам тука би била првата корекција на буџетскиот дефицит“, рече Димитриеска Кочоска.

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top