Македонија

Димитриевски: Нема промена на Уставот без јасна дистинкција за македонскиот јазик

Лидерот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски денеска во изјава за медиумите рече дека немаат проблем да ги внесат Бугарите во Уставот, но дека нема да прифатат уставни измени доколку не се направи јасна дистинкција на македонскиот јазик и тоа да биде потврдено во европска институција. По завршувањето на вториот Конгрес на партијата, Димитриевски рече дека […]

Лидерот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски денеска во изјава за медиумите рече дека немаат проблем да ги внесат Бугарите во Уставот, но дека нема да прифатат уставни измени доколку не се направи јасна дистинкција на македонскиот јазик и тоа да биде потврдено во европска институција.

По завршувањето на вториот Конгрес на партијата, Димитриевски рече дека билатералниот проблем со соседна Бугарија најдобро би се решил на релација Скопје – Софија, но дека таа шанса била испуштена со прифаќање на Францускиот предлог.

– Никогаш нема да поддржиме да направиме промена на Уставот или пратениците на ЗНАМ да гласаат во Парламентот доколку не се направи јасна дистинкција на македонскиот јазик и се потврди тоа во европска институција, затоа што нашите соседи од официјална Софија многу лесно со претходната власт трансферираа еден билатерален проблем во мултилатерален. Денеска седат по страна и испраќаат пораки од Софија, а ние преговараме со Европската унија за билатерално прашање. Сметам дека овој проблем најдобро би се решил на релација Скопје – Софија, но за жал, таа шанса беше испуштена со прифаќање на Францускиот предлог и денеска ние сме во ситуација, како што и тврдев, дека ќе има нови барања, рече Димитриевски.

За ЗНАМ, како што посочи, е неприфатливо дека имаме заедничка историја и дека говориме дијалект на бугарскиот јазик.

– Тоа за ЗНАМ е неприфатливо, а тоа е неприфатливо и за нашите владини партнери. Се додека имаме усогласени политики ќе делуваме заедно и верувам дека никој нема да успее да не скрши, а еден ден ќе седиме во ЕУ, со крената глава како горди Македонци кои зборуваат македонски јазик, рече Димитриевски.

Димитревски денеска повторно ја доби довербата од делегатите на Конгресот да ја води партијата во следниот период. Тој се заблагодари за изборот и нагласи дека има намера да создава нови лидери бидејќи движењето ЗНАМ работи и ќе работи, вели, со и за граѓаните, како нова политичка сила која во изминатиот период од 14 месеци се потврди и докажа.

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски до СДСМ: Ако вие се повлечете, друг ќе дојде на ваше место

Запрашан дали СДСМ со неучеството на лидерската средба остава простор Левица да биде главна опозициска политичка партија во Македонија, премиерот Христијан Мицкоски рече дека на политичката сцена и во политичката теорија и пракса празен простор не останува. Ако се повлечете и оставите празен простор некој ќе го запоседне тој простор“, вели премиерот Христијан Мицкоски. „Дали […]

За Пендаровски уставниот суд а не обвинителството кажува дали има криминал со уредбите со законска сила

Уредбите со законска сила ги носеше и ги имплементираше Владата, дали таму имало злоупотреби, тоа државните институции кои сега се под тотална контрола на Мицкоски можат да го проверат, вели екс претседателот

To top