Македонија

Димитриевски: Вршиме притисок врз Брисел за промена на мерките за превозниците

„Во координација со сите земји кандидати за членство во Европската Унија од Западен Балкан веќе подолг период сме организирани да вршиме притисок во Брисел за да се променат мерките што ги засегаат транспортерите. На 11 февруари беа изнесени 50-тина предлози, но сѐ уште нема разбирање од земјите членки. Работата не е завршена.“ – изјави денеска заменик-министерот за надворешни работи Зоран Димитриевски.

Одговарајќи на пратенички прашање од пратеничката Јована Тренчевска од СДСМ, заменик-министерот рече дека оваа мерка не ја засега само нашата земја, туку сите земји кандидати од Западен Балкан.

– Заедно со нашите партнери од Западен Балкан се организиравме како влади подолг период во Брисел да вршиме притисок да дојде до промена на овие мерки и конечно на 11 февруари дојде до формирање на таа група и изнесени се 50-тина мерки, но сеуште нема разбирање од земјите членки во овој контекст, но тоа не значи дека работата е завршена, рече Димитриевски.

Димитриевски укажа дека овие мерки не ги засегаат само државите кандидати, туку и земјите членки од кои некои, како што рече, реагирале на овие мерки.

Најнови вести од: Македонија

УЈП: За шест месеци граѓаните „оставиле“ 1,6 милијарди евра во казина, обложувалници и на слот-машини

 Иако веќе почнаа да се применуваат роковите за дислоцирање на казината, салите со слот-апарати и обложувалниците, трошењето пари на „игри на среќа“ не покажува опаѓање

Нови сомнежи и реакции околу „останките од она, што е можеби цар Самуил“, кои Грција ѝ го испорача на Бугарија!

Повеќе од илјада години од неговата смрт македонскиот цар Самуил е повторно во средиштето на светската јавност. По византиските хроничари, македонскиот средновековен владетел сега е цел на вниманието и на современите медиуми, откако на Бугарија ѝ се вратени некои останки, кои му се припишуваат нему, иако за тоа нема никаквви идентификациски и други сигурни докази.

Михаилов: Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, оти тоа значи директна поддршка за нив!

Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, овој повик го упати заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов. Тој посочува дека ваквата набавка на дрва од страна на граѓаните значи и директна поддршка на дрвокрадците, кои ги пустошат македонските шуми.

Димитриевски: ЗНАМ поддржува средба и разговор со Бугарија, но без отстапки околу македонскиот идентитет и јазик

Македонија има европска определба, но и јасно поставени црвени линии кога станува збор за македонскиот идентитет, јазик и култура. Ставот што ЗНАМ го застапува е и став на Владата и државна позиција на Македонија, нагласи претседателот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски на денешната средба со граѓани во Гостивар.

To top