Македонија

Димитровски: Замислете македонска политичка партија да емитува инсерти како хеликоптер фрла ракети во Арачиново?

Заменикот министер за надворешни работи, Зоран Димитровски, за време на неговото учество во емисијата „Само вистина“ на Канал 5, изјави

Заменикот министер за надворешни работи, Зоран Димитровски, за време на неговото учество во емисијата „Само вистина“ на Канал 5, изјави дека партијата ДУИ на никаков начин не треба да се повикува на настаните од војната во 2001 година во текот на предизборната кампања.

„Вие не смеете со таква реторика да ги поттикнувате, вие напротив, како граѓанин на Македонија, Албанец со сите права на Албанците кои што еве сте ги реализирале меѓу другото, не можете да потсетувате сега на војната од 2001 година. Зошто? Затоа што замислете некоја македонска политичка партија, да речеме СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ да излегува на митинзи со слики од војната како бомбардира не знам хеликоптери го надлетуваат Арачиново и фрлаат ракети таму. Како тоа ќе се толкува од страна на Албанците? Значи вие не можете со тие слики сега да ги плашите, односно да ги потсетувате на некој начин и Албанците дека сте биле во револуционерна УЧК и да ги плашите Македонците“, рече тој.

Според него, ваквата форма на кампања воопшто не е соодветна ниту за локалните, ниту за националните избори.

https://www.instagram.com/reel/DPPR4xdDLm8

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски побара од Бугарија, како НАТО-партнер, да ѝ го испорача осудениот Михаилов, баран со потерница, кој се појавува на протести во Софија!

„Ние имаме потерница за тоа лице и очекувам нашите партнери да постапат соодветно на партнерството.“ – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со Симеон Михаилов. Михаилов е осуден на 12 години затвор во Македонија, но избега пред да ја отслужи казната. Тој сега се појавува на бугарски телевизии и на протести во Софија, од каде што ја брани неговата ќерка Ива Михаилова, на која ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со еден загинат.

To top