Македонија

Директорка си делела плати и по времето за заминување во пензија

М.Г., која има 70 години, е осомничена дека ја злоупотребила службената положба додека била директорка на установата

Директорка во Здравствениот дом во Делчево продолжила да работи и по навршувањето 67 години и си делела плати, оштетувајќи го буџетот за 6.532 евра.

М.Г., која има 70 години, е осомничена дека ја злоупотребила службената положба додека била директорка на установата. Според полицијата, таа во периодот од 9 јануари до 28 април 2022 година продолжила со работа и по исполнување на условите за пензија, спротивно на Законот за работни односи и на Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствена заштита за време на вонредна состојба.

Полицијата поднела кривична пријава до надлежното обвинителство, кое ќе ја разгледа постапката и ќе одлучи дали ќе биде покренато обвинение против пријавената.

 

Најнови вести од: Македонија

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top