Македонија

ДМ засади 50.000 нови дрвја во штипско

Во масовната акција учествуваа и 400 вработени во дрогеријата

На 30 ноември 2025, компанијата dm дрогерие маркт успешно го реализираше продолжението на еко-проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“, најмасовната акција за пошумување досега. Заедно со партнерите Македонско еколошко друштво (МЕД) и ЈП Национални шуми, речиси 400 вработени во dm, волонтери и претставници на институционалните партнери беа дел од најголемото масовно пошумување во селото Калапетровци во околината на Штип.

Овој традиционален еколошки проект, кој dm го започна во 2022 година, до денес вроди дури 150.000 засадени дрвја на повеќе локации низ нашата земја – во Велес, во близина на езерото Младост, во околината на скопско Миладиновци и во близина на опсерваторијата Кокино. Оваа година во селото Калапетровци во околината на Штип, целта беше доста амбициозна и беа засадени дури 50.000 нови стебла. Со оваа акција, dm drogerie markt заедно со еколошките партнери МЕД и ЈП Национални шуми направи уште еден голем чекор кон позелено утре за сите нас. Компанијата dm обезбеди и организиран превоз, опрема за садење, и освежителна закуска за сите учесници.

Главниот мотив за започнување на проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“ лежи во стратешката определба на dm, која постои уште од самото основање на компанијата придонесувајќи кон создавање на поздрава животна средина за сите нас и за идните генерации преку зачувување и обновување на шумите, кои се главен извор на кислород и симбол на животот.

dm продолжува со своите еко активности преку целата година и од септември 2025 како дел од конкурсот Зелена иднина: од градинка до училиште за раззеленување училишни дворови успешно досега раззелени 4 училишни дворови. Сите заинтересирани државни и општински градинки, основни и средни училишта можат да се пријават на конкурсот кој трае до 31.08.2026.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Нека не глуми жртва Ристоска, играчот и пиун на СДС, која беспоговорно реализираше агенди на Заев и други чинители!

„Ѝ порачуваме на Ленче Ристоска десната рака на Катица Јанева за која многумина веројатно оправдано сметаат дека беспоговорно реализираше агенди на Заев и други фактори, да не глуми жртва. Додека со Јанева делеа и множеа, и палеа и гасеа, и додека одеа по облаци, каде едната од нив во раката имаше ташна од Луј Витон, и откако после повеќе од 10 години таа не заврши ниеден од споменатите случаи, кокетирајќи со кого ќе и дојде на ум, праќајќи абери и до ВМРО-ДПМНЕ, сега сфаќа дека правда во оваа држава ќе има, и мора да има, без разлика дали на Заев му се допаѓа тоа или не. И без разлика на нејзината лојалност кон било кого.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ кон сега веќе поранешната обвинителска Ленче Ристоска, која поднесе оставка на оваа функција.

Нов повик за инвертер-климатски уреди: првпат целосно електронско пријавување со забрзана и поедноставена постапка!

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објавува јавен повик за доделување потврда – ваучер за купување и вградување на инвертер клима уреди, наменет за заштита на ранливите потрошувачи на енергија за 2026 година. Рокот за поднесување на барања изнесува 30 дена од денот на објавување на јавниот повик.

Ново семејно насилство: Скопјанецот Љ.И. (35) ја претепал сопругата (31) и ја избркал од дома, а четирите деца ги затворил во тоалет!

Вчера, на 2 април 2026 година околу 19 часот во СВР Скопје 31-годишна жена пријави дека во домот на подрачјето на Бит Пазар нејзиниот сопруг Љ.И.(35) ја заклучил во тоалетот, а по некое време и физички ја нападнал, по што ја избркал од домот.

Кадриу: Да поднесеше Ристоска оставка при примопредавање на прислушкуваните материјали кога ја уриваа државата, ќе ѝ поверував дека е принципиелна!

Адвокатката и поранешна обвинителка Лејла Кадриу реагираше по оставката на обвинителката Ленче Ристоска, оценувајќи дека станува збор за „бегство од одговорност“, а не за принципиелен чин.

Велигденска порака на Скопскиот бискуп и Струмичко–скопски епарх Киро Стојанов (ВИДЕО)

Среде вознемиреностa во светот да се молитме за мир и напори да се запре татнежот на бомбите, да се замолчи оружјето и да се даде можност на дијалогот во кој можат да се слушнат гласовите на народите

Најнови вести

To top