Македонија

До 11,15 часот гласале 154.275 граѓани

Не се пристигнати информации за евентуални проблеми со кои би се соочувале избирачките одбори на терен или некои поголеми непријатности

Државната изборна комисија соопшти дека излезноста претпладнево, до 11,15 часот била 9,38 проценти од вкупно регистрираните граѓани на Македонија.

До 11 часот и 15 минути пристигнати се податоци за одѕивот на граѓаните на Локалните избори од 3139 избирачки места, од вкупно запишани 1 645 583 гласачи, на овие избирачки места гласале 154.275 односно 9,38 проценти, соопштија од ДИК.

Најголем одѕзив има во Берово, Богданци, Бутел, Вевчани, Виница, Гевгелија, Градско, Дебарца, Демир Капија, Зелениково, Кратово, Крива Паланка, Крушево, Новаци, Пробиштип, Ранковци и Чашка.

Најмал одѕив има во Сопиште, Центар Жупа, Боговиње и Врапчиште.

Воедно, ДИК соопшти дека не се пристигнати информации за евентуални проблеми со кои би се соочувале избирачките одбори на терен или некои поголеми непријатности.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски со честитка за Рамазан Бајрам: Како народ отсекогаш сме знаеле да стоиме еден покрај друг

Во овие свети денови, кога се заокружува месецот на пост, трпение и на духовна посветеност, да се потсетиме на вистинските вредности што нè обединуваат како луѓе – почитта, солидарноста, хуманоста и грижата за другиот.

Муслиманските верници го слават Рамазан Бајрам

Рамазан Бајрам доаѓа по едномесечниот строг пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце. Во сите џамии, денеска се служи утрински Бајрам-намаз. По утринската молитва, верниците ги посетуваат гробиштата на своите роднини.

To top