Македонија

До октомври, oтворeни над 800 предмети поврзани со сомневања за корупција

Бројот на предмети значително е зголемен, а истовремено, значително е интензивирана и активноста на ДКСК

 

Адем Чучул, претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата, во гостување на ТВ „Шења“ изјави дека, заклучно со октомври, биле отворени над 800 предмети.

Тој истакна дека Комисијата ги засилила своите напори во разгледувањето на предметите и донесувањето одлуки, при што дел од овие случаи се доставени до Јавното обвинителство на натамошно постапување. „Имаме отворено над 800 предмети, сите до месец октомври.

Тоа значи дека бројот на предмети значително е зголемен, а истовремено, значително е интензивирана и активноста на Комисијата во однос на разгледувањето на овие предмети и донесувањето одлуки.

Веќе имаме донесено 720 до 730 одлуки, кои се обработени и објавени на нашата веб-страница. Понатаму, имаме поднесено над 400 барања за поведување прекршочна постапка поради прекршување на одредбите утврдени во Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

Дополнително, до Јавното обвинителство упативме 11 предмети – случаи каде што утврдивме сомневања за криминални дејствија – како и уште околу 10 други предмети, со цел Обвинителството да преземе соодветни мерки и да утврди дали, всушност, е сторено кривично дело“, изјави Чучул.

Најнови вести од: Македонија

Ахмети: Балканските криминалци соработуваат, но не и политичарите

„Трагедијата е во тоа што народите и политичарите кои ги претставуваат – и Македонците, и Албанците, и Србите – не успеваат да соработуваат за да изградат мирен Балкан и посигурна иднина за сите нас“, вели лидерот на ДУИ

Аларм: Секое 10-то дете во Македонија изложено на сексуална злоупотреба на интернет

Секое десетто дете во Македонија на возраст од 12 до 17 години коешто користело интернет било изложено на сексуална експлоатација и злоупотреба. Станува збор за околу 12.000 деца, бројка што ја потврдува и последното истражување на УНИЦЕФ.

(Видео): Проблемот со кравите во Крива Паланка стигна до Обвинителството – Општината поднесе кривични пријави

Крива Паланка, заедно со жителите од засегнатите села, поднесоа неколку кривични пријави до Обвинителството поради институционално непостапување по извршни решенија за одземање на добитокот што слободно шета во градот и пошироко.

To top