Македонија

“Добар“ накај “многу добар“ е резултатот на матурскиот испит

Оценкаа 3.69 од државната матура во јунскиот испитен рок

Министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар Даниела Јовчевска-Михајловска на прес-конференција ги соопштија резултатите од јунскиот испитен рок.

Пријавени биле 15 004 матуранти од сите видови образование (гимназиско, стручно, уметничко) и на сите наставни јазици. Околу 3 проценти не дошле на испитите.

Јаневска изрази задоволство што успехот е поголем од минатата година кога просечна оценка била 3.26  и бидејќи немало голем број препишувања.

Како што рече, 172 се обиделе да препишат и да го „надмудрат“ системот.

Биле поднесени 507 приговори по сите предмети.

Мајчин јазик и литература (македонски, албански, турски и српски), кој е задолжителен за сите матуранти, се полагаше на 31 мај, а вториот испит, кој е изборен за учениците, беше на 11 јуни.

Матурантите кои во јуни не ја положиле државната матура или не во целост, ќе  полагаат во августовската сесија – на 12 август е  испитот по мајчин јазик (македонски, албански, турски, српски) и литература, а на 14 август е полагањето на изборниот екстерен испит (математика, англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, италијански јазик, филозофија, естетика).

Државната матура во нашиот образовен систем се спроведува од 2007 година, во јунска и во августовска испитна сесија. Не беше организирана само еднаш – на крајот од учебната 2019/2020 година поради Ковид-пандемијата.

 

 

Најнови вести од: Македонија

OLED телевизорите и мониторите на Самсунг (Samsung) за 2026 година се компатибилни со NVIDIA® G-SYNC™ за елитно ниво на гејминг перформанси

Samsung OLED телевизорите и гејминг мониторите од 2026 година се G-SYNC компатибилни, поседуваат стапка на освежување од следната генерација и напредна технологија на екранот за ултра-глатко, извонредно гејминг искуство

Д-р Дума: Испраќањето мозоци не беше за профит, туку за научна соработка

Во проектот учествувале поранешниот директор на Институтот за судска медицина Алексеј Дума и д-р Горазд Росоклија, лекар со потекло од Македонија кој работи на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тоа ни овозможи размена на искуства со САД, вели д-р Дума

Прифатен предлогот на Мицкоски за раст на платите, договорена средба со УПОЗ на 5 февруари

Премиерот Христијан Мицкоски во четврток ќе оствари средба со Синдикат на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани, УПОЗ. -Откако премиерот даде понуда за раст на платите, синдикатот УПОЗ ја прифати и за неа треба дополнително да се разговара во рамки на синдикатите, дознава Курир. Претходно и синдикатот на Благоја Ралповски, КСС, ја […]

Димитриеска-Кочоска: Криминалот не смее и нема да биде исплатлив! – Незаконски стекнатиот имот ќе биде одземан!

„Нашата порака е јасна – криминалот не смее и нема да биде исплатлив. Со системски пристап, силни институции и јасна одговорност ќе создадеме услови нелегално стекнатиот имот да биде идентификуван, одземен и вратен во функција на општеството.“  – изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во обраќањето на конститутивната седница на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот.

To top