Македонија

„Долгорочна антимакедонска политика“: Ачкоска за размената на артефакти меѓу Грција и Бугарија

Историчарката со сарказам предлага сега Македонците да им дадат неидентификувани коски на соседите како знак на добрососедство

Историчарката Виолета Ачкоска реагира со сарказам за примопредавањето на наводните останки на Цар Самоил од Грција на Бугарија најавено за в сабота како дел од договорената размена на артефакти меѓу двете земји.

„По лажниот костур на Филип II Македонски, следи неидентификуван костур на Самуил. Размена на грчко-бугарски артефакти кои имаат малку врска со самите нив, но служат на долгорочната антимакедонска политика. Предлагам и ние Македонците да дадеме нешто. Еве, на пример, останките на Леонидас да ги поклониме на Хелада, а останките на Хан Аспарух на Бугарија, како знак на ‘заедничка историја’. Не е важно чии се коските. Ги имаме на тони и ќе си ги именуваме по потреба. Сè за добрососедство“, коментира Ачкоска на Фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

To top