Македонија

(Фото): Дождот ја одложи дневната програма на „Виноскоп“, се преместува за в недела

Најавеното невреме и лошите временски услови ги принудија организаторите на традиционалниот фестивал на виното „Виноскоп“ да направат итни измени во фестивалската агенда. Денешната дневна програма е целосно откажана, но организаторите ветуваат двојно поголема забава за утре, кога сите содржини ќе се преселат на добро познатата локација во Градскиот парк.

Поради најавените врнежи и од безбедносни причини, дневната програма на Виноскоп за денес се откажува и се преместува за утре. Утрешната програма на Школка во Градски парк започнува од 12:00 часот и ќе трае до 00:00 часот.

Од 12:00 до 18:00 часот, публиката ќе има можност да ужива во дневната програма со DJ Oky Doky, DJ Chvare и DJ Strajk. По 18:00 часот, програмата продолжува со настапите на DJ Resident, Hat and Harmony, DJ Bella, Мијата, Оркестар Дива, Ивана Карајан, Филип Карајановски и Пасио бенд.

Ве очекуваме утре на Школка во Градски парк да го продолжиме јубилејното 15-то издание на Виноскоп, со вино, музика и фестивалска атмосфера под отворено небо.

Веднаш по завршувањето на дневниот блок, забавата продолжува во вечерна атмосфера со разновиден музички концепт, каде акцентот ќе биде ставен на домашни изведувачи и бендови кои дополнително ќе ја загреат атмосферата под отворено небо.

  • „По 18:00 часот, програмата продолжува со настапите на DJ Resident, Hat and Harmony, DJ Bella, Мијата, Оркестар Дива, Ивана Карајан, Филип Карајановски и Пасио бенд. Организаторите најавуваат дека јубилејното 15-то издание на „Виноскоп“ ќе продолжи со вино, музика и фестивалска атмосфера под отворено небо.“

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top