Македонија

Драма денес во авионот на „Рајанер“ над Македонија за малку ќе се претвореше во трагедија: патници држеа Србин (61) да не излета низ скршениот прозорец на авионот!

Патник (61) од Србија е повреден во денешниот инцидент на авион на „Рајанер“, кој присилно се врати на аеродромот во Солун по откриен дефект на моторот во текот на летот над Македонија. Грчките медиуми објавија дека тој бил спасен од безбедносниот појас и од другите патници, кои го држеле и го влечеле, за да не излета од авионот низ скршениот прозорец!

Грчкиот портал „Прототема“ објави сведоштва од патници кои рекле дека во авионот се слушала голема бучава и се скршил прозорец. За време на спуштањето дел од оштетениот мотор се одвоил и удрил во прозорец на кабината, поради што дошло до пад на притисокот во кабината. Патниците сведочеле како го држеле Србинот, кој седел покрај скршениот прозорец, откако воздухот го повлекол кон надвор. „Се слушна бучава како да пукнала гума. Настана паника со вресоци бидејќи веднаш изгубивме висина од декомпресијата. За момент помислив дека некој случајно ја отворил вратата за итни случаи. Сите веднаш ги ставивме маските, но ни требаше време да сфатиме што се случува“, изјави еден патник.

Претседателот на синдикатот на вработените во јавниот превоз Михалис Јанакос изјави дека е избегната трагедија, зашто телото на патникот летнало во воздух, но сопругата успеала да го задржи и да го врзе, по што помогнале и други патници, повлекувајќи го назад во кабината. Тој е задржан во болница во Солун поради изгореници од триењето и повреда на вратот.

Авионот летал од Солун кон Меминген во Германија. „Авионот слета нормално, а патниците се вратија на терминалот.“ – наведува „Рајанер“ во своето соопштение.

Најнови вести од: Македонија

Бендевска: СДСМ не беа и на денешната средба за Изборниот законик, немаат демократски капацитет и ги сопираат реформите!

Претставничката на ЗНАМ во работната група за реформи во изборното законодавство Весна Бендевска денеска во име на Движењето ЗНАМ искажа длабоко разочарување, поради повторното недоаѓање на СДСМ на оваа средба, нагласувајќи дека токму нивното отсуство говори за немање демократски капацитет.

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

Политико: ЕУ ќе им понуди пристап до единствениот пазар на земјите-кандидатки

Економските придобивки би биле условени и можат да се одземат ако земјите-нечленки се откажат од демократијата или споделуваат чувствителна технологија со непријателски настроени влади, се вели во планот

Професионалните возачи не се туристи!

Дури 77,5 отсто од нашиот извоз оди директно во ЕУ. Нелогично е возачите што ја опслужуваат европската индустрија да подлежат на истите шенгенски ограничувања од 90 дена како и туристите“, вели Даниел Матракоски, координатор за меѓународна соработка во Комората

To top