Македонија

„Дрим Фектори“ го отпочнува снимањето на филмот „СНЕШКО“

„СНЕШКО“ е драма за едно тинејџерско созревање со елементи на фантазија. Лили (16) живее на остров, кадешто никогаш не снежи. Таа е математички гениј — интровертна, оригинална, неприфатена од средината

„СНЕШКО“ е драма за едно тинејџерско созревање со елементи на фантазија. Лили (16) живее на остров, кадешто никогаш не снежи. Таа е математички гениј — интровертна, оригинална, неприфатена од средината. Таа ја носи со себе сликата на татко си — морнарот кого морнарите го нарекуваат Капетан Снешко, насекаде: присутен во нејзиниот ум, жив во нејзините мисли, водечки. Кога Тајното математичко здружение ја избира да се натпреварува со четири математички гении во средновековниот Castello di Verrès во Италија, Лили за прв пат го напушта сончевиот остров и добива шанса да го види снегот за кој отсекогаш сонува. За да победи на натпреварот, мора да направи нешто поголемо од математика. И тоа е единствената задача за која таа нема формула.

Филмот го режира Стојан Вујичиќ, еден од водечките македонски автори, чиј опус вклучува играни и документарни филмови, прикажани и наградени на домашни и меѓународни фестивали. Автор е на Стела (2021), првиот македонски долгометражен игран филм за деца. Дена Вујичиќ учествува во продукцијата и  како негов креативен соработник. Сценариото го потпишуваат Стојан Вујичиќ во соработка со Александар Русјаков како и Дена Вујичиќ (19), која е вклучена во проектот како нивен креативен соработник — таа го носи во процесот на она, за коешто не постои замена: перспективата одвнатре.

„Овој филм е дел од едно чувство кое не бледнее со годините. Чувство дека во еден момент животот ненадејно се менува — без предупредување, без образложение — и дека од тој момент низ животот си оставен сам да го преведуваш она што се случило во смисла, во логика, во живот. Снешкото е симбол на нешто чисто, среќно и поставено со прецизна функција во филмот. Ништо не е случајно, ништо не е декоративно.” вели  – Стојан Вујичиќ, режисер.

Во главните улоги настапуваат: Ирина Апелгрин, Христијан Ристевски, Тони Наумовски, Даниела Ивановска, Симеон Дамевски, Тони Михајловски и др. Кинематографер на филмот е Дејан Димески, костимограф е Гео Павлов, сценограф е Влатко Зафирковски, автори на шминката се Магдалена Бојаџиева и Снежана Ангеловска Живковска, а Продуцент е Огнен Антов.

„СНЕШКО“ е меѓународна копродукција на „Дрим Фектори“ (Македонија) со партнерски продукциски куќи од Хрватска („Sekvenca“), Италија(„The Box film“), Бугарија („Samsara“) и Албанија(„Papadimitri film production“). Продукцијата е поддржана од Агенцијата за филм на Република С. Македонија, и националните фондови на државите.

„Дрим Фектори“ е продукциска куќа основана од Огнен Антов во 2007 година. Во своето осумнаесетгодишно постоење, продукцијата изгради уникатно портфолио кое се движи помеѓу македонскиот авторски кинематографски израз и меѓународните копродукции со светска фестивалска и дистрибутивна видливост. Огнен Антов е основач на продукцијата, а воедно и претседател на Здружението на Македонски филмски продуценти и продуцент на над 20 долгометражни и кратки филмови во последниве 18 години. Еден од последните проекти на „Дрим Фектори“ – филмот „Вера сонува за морето“, во режија на Калтрина Красниќи, беше дел од еден од натпреварувачките програми на Венеција 2022, а со филмот „Оче наш“ беше дел од престижниот филмски фестивал од „А“ категорија во Торонто. Со „СНЕШКО“ („THE SNOWMAN“), „Дрим Фектори“ под водство на Стојан и Огнен, за прв пат го поставуваат македонскиот авторски игран филм во директна конкуренција со европскиот фестивалски пазар за младинска кинематографија.

 

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

Трифуновски: Органодарителството како најтешка одлука, остава најсилна светлина позади себе

Д-р Александар Трифуновски, хирург-уролог и член на тимот за трансплантација, во рамки на националната кампања што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, апелира за унапредување на органодарителството

Јаневска: Нема намалување на бројот на студентски стипендии, СДСМ манипулира со јавноста

Министерката ги демантираше и тврдењата дека ќе се зголеми партиципацијата за сместување во студентските домови, нагласувајќи дека тоа не е предвидено во законските измени. Таа најави и ново законско решение со кое државата ќе ги преземе платите на вработените во студентските домови, со цел да се намали финансискиот товар врз студентите.

(Фото): Цела недела нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Македонија влегува во период на променливо и нестабилно време, со сончеви паузи, но и со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Според временската најава на УХМР, локално процесите може да бидат поинтензивни, со пообилен пороен дожд од над 20 литри на квадратен метар, грмежи и силен ветер над 60 километри на час. Нестабилноста ќе се прошири на повеќе места кон петок и за време на викендот.

To top