Македонија

,,Државата” Вевчани преку Виа Игнација го освои Њујорк

Малото Вевчани на големата светска сцена – Македонската уметност блесна во Њујорк

Питорескното и бунтовно Вевчани, познато по својата богата духовна и уметничка традиција, деновиве се најде во центарот на вниманието во Њујорк.

На 20 Март во градот што никогаш не спие свечено бешр отворена изложбата „Traveling in Colour: The Balkan Spirit in New York“, која претставува избор на дела од Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“.

Изложбата се одржува во Gallery MC, каде пред бројна публика беа претставени дела инспирирани од православната иконографија и балканското културно наследство.

Уметничките творби ја спојуваат духовноста со современиот израз, претставувајќи ја Вевчанската колонија како „архив во движење“, во кој традицијата постојано се преосмислува.

Настанот привлече внимание како редок пример на автентична македонска културна приказна што директно комуницира со глобалната публика.

Свеченото отворање се одржа на 20 март, а изложбата ќе биде отворена за посетители до 25 март.

Организаторите оценуваат дека станува збор за значаен чекор во интернационализацијата на македонската уметност, испраќајќи силна порака дека македонската духовност има свое место на светската сцена.

Проектот е реализиран со поддршка на Министерството за култура и туризам, како дел од културната дипломатија на државата.

Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“ се одржува во организација на семејството Угриноски во прочуениот традиционален ресторан ,,Виа Игнација” во Вевчани.

Најнови вести од: Македонија

Велигденска убавина во Бутел: Воскресението не е приказна, туку сила што не потсетува да не се откажеме дури и кога е најтешко (ВИДЕО)

Овој убав пример од Бутел покажува дека вистинската убавина на Велигден не доаѓа од црквата, туку од срцата на младите кои со љубов го слават најсветлиот христијански празник.

To top