Македонија

Државни службеници осомничени за проневера, дека ги испразниле стоковите резерви и направиле штета од 780 илјади евра

Станува збор за вработени во Агенција за стокови резерви, Агро берза, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Дури 1.500 тони меркантилна пченица и 500 тони јачмен биле отпишани од државните стокови резерви во 2021 и 2022, со што се причиниле штети на државниот буџет од 780.000 евра. За вакво дело Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) во Биро за јавна безбедност при МВР сомничи петмина функционери или вработени во државната администрација во 2021 и 2022 година.

Денеска ОСОСК во координација со Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје извршило претреси, барајќи докази против петтемината. Станува збор за вработени во Агенција за стокови резерви, Агро берза, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

МВР ги сомничи следниве лица за злоупотреби сторени во периодот 2021-2022, кои тогаш ги извршувале наведените функции:
Ниметула Рамадани, за „Злоупотреба на службена положба и овластување“. Раководител во Агенција за стокови резерви – Скопје.
Реси Абдурахмани, за „Злоупотреба на службена положба и овластување“.Директор на Агенција за стокови резерви – Скопје.
Тони Кантурски, за „Злоупотреба на службена положба и овластување“. Раководител во Агенција за стокови резерви – Скопје.
Трајан Димковски, за „Злоупотреба на службена положба и овластување“. Заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Миле Пешевски, за „Злоупотреба на службена положба и овластување“. Вешто лице при биро за процена од областа на земјоделството.

Нетпрес

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top