Македонија

ДС: Македонскиот е заеднички јазик за разбирање за сите етнички заедници во Македонија.

Во судството е од најголема важност обвинителите, судиите и адвокатите да го совладаат македонскиот јазик, кој е „лингва франка“, заеднички јазик на разбирање за сите етнички заедници во Македонија.

 

„Демократската унија за интеграција (ДУИ) сериозно го злоупотребува правото на употреба на мајчиниот јазик при полагање на правосуден испит, што не сметаше дека е соодветно да го регулира за време на своето долго владеење“, оценува Демократскиот сојуз на Македонија во денешното соопштение..

Оттаму велат дека имало коруптивни процеси за време на полагањето на испитот и политичко влијание, особено врз студентите блиски до владејачките партии.

Демократската лига потсетува дека македонскиот јазик е државен – службен јазик во Македонија. Секако, и албанскиот јазик е во службена употреба и етничките Албанци ги уживаат сите права според Уставот да го користат.

ДС потсетува дека студентите, мнозинството Албанци, ги завршиле студиите на својот мајчин албански јазик.

Сепак, во судството е од најголема важност обвинителите, судиите и адвокатите да го совладаат македонскиот јазик, кој е „лингва франка“, заеднички јазик на разбирање за сите етнички заедници во Македонија.

Дополнително, меѓународната пракса и препораките на Венецијанската комисија ја поддржуваат употребата на заеднички јазик во судството и тоа во никој случај не ги крши правата на другите етнички заедници“, велат од партијата на Павле Трајанов.

Демократскаиот сојуз ја охрабрува Владата да не подлегнува на политички притисок и да инсистира на наоѓање решение за полагање правосуден испит кое ќе биде уставно, нема да ги крши правата на етничките заедници, но и со иста тежина на испитот како и за другите студенти.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top