Македонија

ДУИ: „ВРЕДИ се обедини за да се распадне“

Поставувањето на двајца лидери е доказ дека партијата е поделена на фракции уште пред да почне да функционира, оценуваат од опозициската ДУИ

По вчерашниот Конгрес на кој ВРЕДИ се трансформираше во партија на чело со Изет Меџити и Биљал Касами, ДУИ со реакција во која не му предвидува иднина на новиот политички субјект.

Вчерашниот чин, каде што неколку политички субјекти се обидоа да се сокријат зад името на една партија, не е обединување, туку последен очаен крик за политички опстанок. Иронијата е целосна-ВРЕДИ избра двајца кормилари да го водат истиот брод што веќе забрзано тоне, велат од ДУИ.

ВРЕДИ се обедини во еден политички субјект

„Ова фрагментирано раководство е директно признание дека во тој политички состав владее целосна недоверба и фрагментирање. Наместо визија, тие понудија пазар на ега, бидејќи никој не сакаше да му го отстапи местото на другиот, па решија да глумат партија со двајца претседатели. Вистината е јасна: ВРЕДИ се обедини само за заедно да се распадне.

Поставувањето на двајца лидери е доказ дека партијата е поделена на фракции уште пред да почне да функционира. Во меѓувреме, додека лидерите самите се прогласуваат, министри и клучни функционери од нивните редови веќе го напуштија бродот, одбивајќи да бидат дел од овој неуспешен проект, наменет само за спас на неколку политички кариери“, стои во соопштението на ДУИ.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Практичниот дел на правосудниот испит ќе биде на македонски јазик! ДУИ дрско се обидува да потпали меѓуетничка напнатост!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во одговор на новинарски прашања појасни дека предложеното решение за полагање на правосудниот испит предвидува два дела, при што теоретскиот ќе може да се полага и на албански, турски или англиски јазик, додека практичниот дел ќе биде исклучиво на македонски јазик и кирилско писмо.

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

To top