Во текот на изминатите два дена полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, издале 1.177 издадени платни налози, од кои 217 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.
Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 25 лица, од кои две за возење под дејство на алкохол, 10 за возење без возачка дозвола, две поради претходно изречена забрана за управување на возило.
Во истиот период одземени се 11 возила по член 300-б од Кривичниот законик.
Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на изминатите два дена евидентирани се 324 прекршоци за неправилно паркирање, како и шест санкции за возење под дејство на алкохол.
Санкционирани биле и 11 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, како и 10 пешаци.
Казнети се 161 учесник во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас.
Согласно Законот за возила, 20 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а 34 заради техничка неисправност и 14 зпоради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата.