Македонија

Дури 90 проценти од учебниците се веќе дистрибуирани во училиштата

Учениците се враќаат во училишните клупи. Министерката Јаневска очекува успешен старт и повисок квалитет на наставниот процес во споредба со изминатите години.

Новата учебна 2025-2026 година ќе ја започнат 245 илјади ученици, односно 177.800 основци и 67.200 средношколци. Настава ќе има до 10 јуни, а исклучок ќе бидат матурантите за кои редовните часови ќе траат до 15 мај. Обезбедени се учебници за сите ученици, а за првпат по седум години ќе има и учебници по странските јазици. Ова го истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска и информираше дека во повеќе училишта условите за настава се подобрени, а инклузијата е подигната со ангажирање на зголемен број образовни асистенти во основното и за првпат во средното образование. Учениците ќе се запознаваат со придобивките од вештачката интелигенција и ќе учат етички да ја користат за образовни цели.

  • Втора учебна година по ред започнува со учебници за сите ученици. Целосно нови учебници има за седмо одделение во основното образование и за прва година во гимназиите, поради примената на нови наставни програми и најавувам дека овој процес на обнова на наставните содржини ќе има континуитет. За првпат после седум години, учениците ќе добијат и учебници по странски јазици – англиски, француски, германски и италијански јазик, истакна Јаневска, нагласувајќи дека сите се испечатени и над 90 проценти од тиражот е веќе испорачан.

Министерката информираше дека системски е решен предизвикот со учебниците кој се провлекуваше со години и дека повеќе нема предмети во основното образование без учебници, нема користење на учебници без склучени договори и регулирани авторски права и нема доцнење на испораката со месеци. 90 проценти од учебниците се веќе дистрибуирани во училиштата, останатите ќе бидат доставени во наредните денови. Од Министерството за образование велат дека по 7 години ќе има учебници и за странските јазици, а 7 одделенците и учениците во прва година средно ќе учат и по нова програма.

Речиси 1.400 образовани асистенти ќе бидат ангажирани во основните училишта, 130 во средните. Министерката најави дека ќе продолжува да работат на концептот учениците да имаат знаење, на тестирањата да покажуваат подобри резултати, образованиот кадар ќе биде менаџиран според потребите.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Судење за „Пулс“: Инспекторка утврдила нова фирма, но не направила нова контрола поради „немање влијание врз животната средина“

На денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше инспекторка за животна средина во Општина Кочани, која истакна дека во 2022 година утврдила оти објектот работи под друго правно лице, но не извршила повторен надзор бидејќи сметала дека станува збор за субјекти што немаат влијание врз животната средина

Најнови вести

To top