Македонија

„Два града иста болка“ – во Кочани собир за солидарност со Кран Монтана

Тие испратија порака дека длабоко ја разбираат болката, загубата и празнината што ја остава една ваква трагедија

Со запалени свеќи и во тивка атмосфера, во Кочани се одржа мирен собир под мотото „Два града – иста болка“. Граѓани, млади и стари, се собраа за да изразат сочувство и солидарност со семејствата на жртвите од трагедијата во Кран Монтана – пренесе 24инфо.

На собирот присуствуваа и родители на децата кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тие испратија порака дека длабоко ја разбираат болката, загубата и празнината што ја остава една ваква трагедија.

Во знак на почит кон загубените животи, присутните испуштија 40 бели балони кон небото – симбол на младоста која прерано згасна.

Без говори и без транспаренти, собирот помина во тишина, прекината само од трепетот на свеќите. Пораката беше јасна – болката нема граници, а човечката солидарност ги поврзува градовите и луѓето во најтешките моменти.

Во пожарот во Кран-Монтана животите ги загубија 40 млади луѓе, додека во трагедијата во Кочани, за време на настапот на групата ДНК, загинаа 63 лица.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова се сретна со првиот човек на „Браќа Манаки“ и претседателката на Друштвото на филмски работници

Посебен печат на 47. издание му дава присуството на славни имиња од светската кинематографија, меѓу кои и Дан Лаустсен, добитник на „Златна камера 300“ за животно дело и Џеф Кроненвет, кому му се доделува специјалната „Златна камера 300“, за особен придонес во филмската уметност

To top