Македонија

Дваесетина македонски пациенти со вештачко срце секој ден на граница меѓу животот и смртта

32-годишниот Дарко Најдевски во 2019 година беше првиот пациент во Македонија кому му беше имплантирана BIVAD

Дваесетина македонски граѓани кои имаат во своите гради вештачко срце секој ден опстојуваат на граница меѓу животот и смртта.

Луѓето кои според нивните блиски живеат како мобилни телефони и лап топови чекаат усвојување на  административни процедури кои треба да го регулираат начинот на кои од машини ќе добијат срце со помош на трансплантација од донатори.

Свесни се дека не сите од нив ќе преживеат. Некои нема да најдат донатор, некои дотогаш ќе заминат, некои нема да можат да ја преживеат тешката операција.

Но сепак се надеваат дека државата на која редовно и плаќале за здравствено осигурување ќе се обиде да им помогне барем на некои од нив.

Бројката од дваесетина луѓе со вештачко срце машина е постојана но за жал не се истите луѓе. Некои умираат некои од разни причини стануваат зависни од срце машина која има свој рок на траење.

По петтата година секој нов ден е лотарија. Како и мобилните телефони и компјутерите и овие машини имаат рок на траење но не можат да бидат заменети со друга машина туку со срце што би била историски настан за Македонија.

Овие вештачки срца на пациентите мора да бидат заменети затоа што ретко кој организам ќе издржи уште една машина.

 

Докторите уверуваат дека се подготвени, само им треба припомош од искусни експерти што би биле достапни за трансплантација од ваков тип – замена на пумпа/пумпи со здрави срце.

 

А за тие експерти да се достапни за припомош и се да биде и законски и хумано потребен е договор меѓу владите на двете држави, Македонија и државата од каде би дошле лекари кои би помогнале.

Такви барања биле доставени до Министерството за здравство и на таа тема разговарале словенечки кардиохирург и доктори од Кардиохирургија кои биле на тој состанок кај тогашниот министер, но засега нема инфорамции до каде е оваа постапка.

Според роднините на овие пациенти процедурата е изводлива и со напор на министерството за здравство, Фондот за здравство и други институции можат да се спасат многу животи.

 

Живот на батерии и струја

 

Најголем дел од овие дваесетина луѓе кои мораат постојано да бидат поврзани со струја имаат една пумпа но некои од нив како младиот Дарко од Охрид има две, што состојбата на прави најмалку двојно покомплицирана.

Првиот таканаречен BIVAD пациент во Македонија веќе цели 6 години живее со 2 вградени пумпи на ослабеното срце кое во моментов работи само со 15 %

32-годишниот пациент Дарко Најдевски од Охрид во 2019 година беше првиот пациент во земјава кому му беше имплантирана двојна механичка циркулаторна потпора на срцето (BIVAD), операција што за прв пат беше изведена во Македонија со помош на кардиохирурзи од Словенија.

Во услови кога во земјава воопшто не се правеа трансплантации на срце, на само 26-годишна возраст овој пациент издржа 12-часовна операција на отворено срце и до ден-денес живее благодарение на оваа напредна технологија која во неговиот случај претставува мост до трансплантација.

 

Овие помагала го одржуваат во живот сè додека не се најде соодветен донор на срце, кое може да се добие по пат на доброволно дарување (согласност) од блиските на починатиот.

Да се живее со вакви помагала воопшто не е лесно, почнувајќи од тежината што секојдневно ја носи на своите плеќи (истовремено 2 торби во кои се сместени контролерот и батериите за непречено функционирање на пумпите), ограничување во поглед на исхраната, движењето, забрана за целосно влегување во вода поради тоа што уредите се поврзани со струја и со батерии, примање на многубројна терапија, редовно мерење на коагулацијата на крвта со INR апаратче кое се користи во домашни услови, редовни контролни прегледи, редовни неделни преврски на излезните рани на кабелот од стомакот, преврски кои ги прават дома и многу други ограничувања.

 

Но, и покрај целото внимание и посветеност од страна на пациентот и на неговите најблиски во семејството, како и на максималната достапност на докторите што го следат, компликациите од долготрајното носење на овие уреди започнаа во октомври минатата година како последица на долгорочната консумација на антикоагулантна терапија која е неопходна за правилно работење на уредите, се соочи со нова опасност – внатрешно крварење од желудникот и ургентно беше однесен на Клиника во Скопје каде што состојбата беше стабилизирана. По само неколку месеци од овој настан, јануари 2025 г., неговото срце повторно се прошири и покрај вградените уреди, повторно почна да задржува течности, а функцијата на срцето драстично е намалена и со помош на лекови и постојан надзор од страна на докторите состојбата е релативно стабилизирана.

Во моментов пациентот е со максимално ограничување на физичката активност додека не се најде соодветно срце за трансплантација затоа што неговото срце и покрај вградените помагала, работи со само 15 % од својот капацитет.

Овој пациент и покрај сите тешкотии со кои се соочува во најубавите години од својот живот е дефиниција за храброст и издржливост и искрено се надева дека надлежните ќе направат сè што е во нивна моќ за да успее во оваа борба и да го дочека моментот на трансплантација на срце.

,,Се молиме и се надеваме дека ќе го дочекаме тој ден, а исто така се надеваме и на техничка поддршка од страна на експертите од надвор кои би се ставиле на располагање на нашите кардиохирурзи во Македонија во кои како држава вреди и треба да се инвестира затоа што здравството е еден од носечките столбови на една нација. Доктори имаме, услови имаме, свесноста за органодарителство постепено се зголемува, останува уште да се поработи на делот на логистика и припомош од светските лидери од регионот за конечно во Македонија да се изврши првата (историска) трансплантација на срце од ваков тип кај пациент кој претходно има вградено механичка пумпа/пумпи на срцето”, велат негови блиски.

Дарко трпеливо го чека повикот за нов живот и преминување на мостот од другата страна за да продолжи да се радува на животот и да го гледа своето дете како расте.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Не поминаа измените на Изборниот законик

Собранието не го донесе законот за изменување и дополнување на Изборниот законик. Предлог измените и дополнувањата добија поддршка од мнозинството пратеници, односно од 67, но бидејќи  станува збор за закон кој се однесува на локалните избори, потребно беше да се гласа и по Бадентер. За предложените измени и дополнувања 18 од пратениците од помалите етнички […]

Зајкова: Жичарницата на Водно работела без дозвола додека превезувала деца и туристи, кој ќе одговара за пропустот?

Жичарницата на Водно со месеци работела, додека била опасна за патниците. Синдикатот на ЈСП јасно предупреди дека жичарницата работела без дозвола и не смеела да превезува луѓе, пишува во објава на социјалните мрежи претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова. Колку скопјани (возрасни, деца), колку туристи биле изложени на ризик […]

Македонија се попосакувана туристичка дестинација, зголемен бројот на туристи во првото полугодие

Во првото полугодие од 2025 година бројот на туристи во Македонија е поголем за 13,5% споредено со истиот период 2024 година. Бројот на странските туристи е поголем за 19,7% во 2025 година споредено со истиот период 2024 година. Бројот на домашните туристи е помал за 2,5% споредено со истиот период 2024 година, соопшти премиерот Мицкоски. […]

To top