Македонија

Џамбаски: Македонизмот ќе исчезне во моментот кога ќе бидат впишани Бугарите во Уставот!

Поранешниот бугарски европратеник Ангел Џамбаски со нов напад врз Македонија преку етерот. „Запомнете, македонистите во Македонија единствено можат да постојат ако продолжуваат со антибугарска реторика. Во моментот кога ќе бидат впишани Бугарите во Уставот, во моментот кога ќе бидат усвоени двата протокола од Заедничката комисија, во моментот кога ќе биде усвоен Францускиот предлог – македонизмот […]

Поранешниот бугарски европратеник Ангел Џамбаски со нов напад врз Македонија преку етерот.

„Запомнете, македонистите во Македонија единствено можат да постојат ако продолжуваат со антибугарска реторика. Во моментот кога ќе бидат впишани Бугарите во Уставот, во моментот кога ќе бидат усвоени двата протокола од Заедничката комисија, во моментот кога ќе биде усвоен Францускиот предлог – македонизмот ќе исчезне. Тој нема свои морални, правни, историски основи“, изјави за бугарската телевизија Нова њуз заменик-претседателот на ВМРО-БНД, според кој „Францускиот предлог не е толку добар колку што можеше да биде. со него отстапивме од јазикот, што е тешка политичка грешка“.

„Во последните две години ништо не се случи во Скопје – ниту ги впишаа Бугарите во Уставот, ниту го запреа јазикот на омразата, ниту ги променија учебниците, ниту натписите на спомениците, ниту ги преведоа сите документи според соодветните договори. Ни се смеат в лице. Тие имаат неколку планови. Сегашниот чекор е заобиколување на Францускиот предлог и тоа го прават Мицкоски, Унгарија, Кремљ, се разбира, Белград и комесарката за проширување. Една дама од Словенија, која е во центарот на тој заговор, која имаше договорено да се внесат во извештајот вековните, многувековните, милијардавековните македонски идентитет и јазик, а тие ќе ветат дека по октомвриските избори ќе ги впишат Бугарите во Уставот, што беше и ќе остане лага“, додаде Џамбаски.

Најнови вести од: Македонија

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

To top