Македонија

ДЗР: Студентскиот дом „Пелагонија“ го плаќал лебот по 126 денари за килограм! Малверзации и кај душеците за студентите!

Државниот завод за ревизија утврдил повеќе, како што наведува, малверзации и недоследности во јавните набавки при работата на студентскиот дом ,,Пелагонија” во Кисела Вода, при што најмногу во очи паѓа сознанието дека домот набавувал леб по цена од 126 денари за килограм!

„По воведувањето дневна евиденција, месечните фактури во 2025 година се значајно намалени во однос на 2024 година. Ревизијата утврди и дека со новиот договор во 2025 година цената на лебот достигнала 126 денари/кг, што е значително над пазарната цена од околу 70 денари/кг, што укажува на неекономично користење на јавните средства и слабости во контролата на јавните набавки“, констатира ДЗР.

Студентскиот дом со ваквата пракса работел и во 2024 и 2023 година, а едно парче леб се сметало дека тежи еден килограм, однос не се мерел овој вид на храна.

Кај набавката на леб и брашно од 2023 година, договорот е склучен со понудувач чија основна дејност не е поврзана со предметот на набавката, а на ревизијата не ѝ беше презентирана задолжителната банкарска гаранција за квалитетно извршување на договорот, што упатува дека договорот е склучен без нејзино доставување. Дополнително, иако договорената цена за леб изнесувала 57,46 денари по килограм, при реализацијата економскиот оператор фактурирал едно парче леб како килограм, што поради слабите внатрешни контроли било откриено дури кон крајот на 2024 година“, велат ревизорите.

Малверзации се откриени и кај душеците за потребите на студентите. Вкупно 250 душеци не биле ставени во употреба иако биле набавени. Душеците биле поголеми од димензиите на самите кревети.

„Тендерската документација на набавката на душеци од 2023 година содржи ограничувачки услови, а договорот е склучен со избраниот економски оператор без обезбедена банкарска гаранција за квалитетно извршување на договорот. Набавени се 250 душеци во вкупна вредност од 1.174 илјади денари (од предвидените 500 душеци) со димензии различни од предвидените во техничката спецификација, без соодветна документација за прием и притоа истите се складирани во домот и воопшто не се ставиле во употреба. Исто така, утврдивме дека и претходно биле набавени 450 душеци од истиот добавувач, иако постоечките биле во добра состојба, а поради тоа што димензиите на креветите се помали од душеците била нарушена стабилноста и статиката на креветите“, тврди ревизорот.

Сомнежи има и за набавките на другите видови храна. Се купувале артикли по цена повисока од пазарната.

„Утврдивме недоследности во процесот на планирање и спроведување на јавните набавки и реализација на склучените договори. Со ревизијата на јавните набавки за свежо месо од 2023 година, преработки на месо, месни производи и риба од 2023 и 2024 година, како и земјоделски производи од 2023 година, ревизорите утврдија дека најчесто е доставена само една понуда, а договорите се склучувани во висина на проценетата вредност без однапред дефинирани количини. Кај редовно набавуваните артикли понудените цени се повисоки од пазарните, додека кај артиклите што не се набавуваат се понудени нереално ниски цени, без да се побара дополнително образложение од економскиот оператор.

Исто така, утврдено е и надминување на договорените вредности кај дел од договорите, што укажува на недоволна контрола и неекономично користење на јавните средства“, додаваат ревизорите.

Најнови вести од: Македонија

Ако може плажа на Сена во Париз, зошто не на Вардар во Скопје?

Водата од реката Вардар се употребува за наводнување на дел земјоделски површини со што се загадуваат земјоделските производи, а тоа влијае на здравјето на луѓето што ги консумираат, пишува професорот на Машинскиот факултет во Скопје, Ристто Цицонков.

Рамиз Мерко и претходната власт СДС-ДУИ во Струга оставиле долг од 55 илјади евра за превоз на учениците

Долгот кон превозниците е направен од времето на претходниот градоначалник Рамиз Мерко и претходната власт на ДУИ и СДСМ. Сегашниот градоначалник Менди Ќура мора да го плати, ако сака превозниците да ги возат учениците оваа учебна година

Мицкоски: Уставот нуди апсолутно сериозна заштита за сите граѓани, па и за бугарската заедница, но што правиме со македонската заедница во Бугарија?!

Политиката се темели на разговори. Јас сум од оние политичари кои сакаат да разговараат додека не се постигне решение. И во првиот и во вториот случај ние ќе продолжиме да разговараме. Знаеме кои се нашите црвени линии и во рамките на тие црвени линии ќе се обидеме да го најдеме решението, изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на Амбасадорскиот совет. Истакна дека нашиот Устав нуди апсолутно сериозна заштита на правата за сите граѓани во државата, вклучително и за бугарската заедница.

Јаневска: Никој не може да го избрише македонскиот јазик од светската културна ризница, се грижиме за негова достојна афирмација!

Шеесет македонисти, слависти, балканолози, филолози, културолози и преведувачи од Албанија, Аргентина, Бугарија, Италија, Јапонија, Канада, Кина, Полска, Русија, САД, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Франција и Хрватска учествуваат на 59. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, што од денеска се одржува во Конгресниот центар во Охрид.

Во Македонија сите заедници, меѓу нив и бугарската, се заштитени со Уставот

Нашиот Устав нуди апсолутно сериозна заштита за сите граѓани во државата, вклучително и за бугарската заедница. И тоа не го зборувам само јас, туку тоа го зборува и Советот на Европа – рече премиерот Мицкоски

Мицкоски: Имаме трипати повеќе резултати од претходната влада, но подготвени сме за предвремени избори, ако мисли опозицијата дека се потребни!

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција рече дека граѓаните во моментов не бараат предвремени парламентарни избори, туку очекуваат продолжување на реформите и на процесите што ги спроведува актуелната Влада.

Најнови вести

To top