Македонија

„Ѕвездено небо“ за 45. роденден на Тоше Проески

На 25 јануари 1981 година во 11:15 часот во Прилеп се роди една од најголемите ѕвезди на македонското музичко небо

Македонија и регионот денеска одбележуваат 45 години од раѓањето на македонската музичка икона Тоше Проески.

Роден на 25 јануари 1981 година во 11:15 часот во Прилеп, а со место на живеење Крушево, Тоше само за 26 години живот, до трагичната сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година на автопатот Белград – Загреб кај Нова Градишка во Хрватска, остави неизбришлива трага.

Маестралниот глас, хуманоста, добрината и човекољубието што секојдневно го ширеше со препознатливото за него „ве сакам сите“ направија од него не само ѕвезда што според популарноста многу брзо ги надмина границите на родната Македонија, туку и идол, човек кому му се восхитуваа(т) милиони на поранешните југословенски простори, кадешто ја градеше кариерата, но и пошироко.

Преку разни манифестации во Скопје, но и на неговото вечно почивалиште во Крушево, денеска ќе му биде оддадена должната почит на великанот што само физички не е меѓу своите обожаватели, но неговиот дух и понатаму е присутен преку безвременските хитови „Тајно моја“, „Ангел си ти“, „Немаш ни благодарам“, „Чија си“, „Морска ѕвездо“, „Казна моја си ти“, „Сонце во твоите руси коси“, „Усни на усни“, „Игри без граници“…

Почитувачите на Тоше Проески симболично, во своите срца, вечерва ќе го создадат „ѕвезденото небо“, што тој го бараше од нив на секој концерт како еден вид симбиоза на позитивните вибрации со публиката што верно го следеше на патот до една од најголемите ѕвезди на македонското небо не само во музиката.

 

 

Најнови вести од: Македонија

„Србите се обидоа да го отрујат албанскиот амбасадор во Скопје, во израелската амбасада!“ – „бомба“ на Карамучо, за кого РМ е „картон-држава“, што „паѓа за 24 часа без Албанците“!

„БОМБА на Карамучо: Србите сакаа да го отрујат нашиот амбасадор во Скопје, внатре во израелската амбасада!“ – оваа вест вечерва, на 9 април 2026 година веднаш ја пренесоа  информативната агенција на Илирија-ИНА и голем број други медиуми на албански јазик во Македонија. Станува збор за изјава на д-р Артан Карамучо, професор по криминологија во Правниот факултет на државниот Универзитет во Тирана. Не е именуван дипломатот, за кого се изнесени овие свои бомбастични и сѐ уште непотврдени сознанија, но останува да се претпоставува: дали се работи за Денион Мејдани, моментниот албански амбасадор во Скопје? До овој момент нема прецизирање кога се случил наводниот „обид за труење“ на албанскиот амбасадор во Скопје. Карамучо, пак, завчера, на 8 април, за „Еуроњуз“ даде уште една, своја овојпат скандалозна изјава за Република Македонија, нарекувајќи ја како „држава од картон“, со тврдење дека „ќе падне за 24 часа без Албанците“!

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Најнови вести

To top