Македонија

ECONLIT Forum 2025: Економската писменост како темел за одржливо и одговорно општество

Унапредување на економската и финансиската писменост

ECONLIT Forum 2025 се одржа на 13 декември 2025 година, обединувајќи претставници на академската заедница,јавните институции, приватниот сектор, граѓанскитеорганизации и средното образование, со заедничка цел – унапредување на економската и финансиската писменост во Македонија.

Форумот беше ко-организиран од Институт Либерална Алтернатива (LAI) и Универзитетот на Југоисточна Европа(SEEU), со поддршка од Economics Fundamentals Initiative (EFI) и Open Society Foundation (OSF). Настанотпретставуваше кулминација на тригодишната еволуција наЕкономската писменост – од подигање на свеста, прекузајакнување на капацитетите, до институционализација и дигитална иновација.

На Форумот учествуваа високи претставници од различниинституции, вклучувајќи ја Народната банка на Македонија, комерцијалниот банкарски сектор, Управата за јавни приходи, универзитетите и регионалниистражувачки институти. Посебно внимание бешепосветено на улогата на наставниците и училиштата воразвојот на економска писменост кај младите.

Свеченото отварање го направи извршниот директор на Институтот Либерална Алтернатива, Орхан Цека, кој даде кусок преглед на постигнувањата и влијанието на Програмата за економска писменост во последните тригодини, која Институтот ја спроведува со поддршка наИницијативата за Економски Основи од САД, како и Деканот на Факултетот за Бизнис и Економија при Универзитет на Југоисточна Европа, Проф.др. Блера Абази – Чауши.

Во рамки на програмата беа одржани две панел-дискусии. Првиот панел беше фокусиран на современото предавање наекономија во училницата, додека вториот панел јаистражуваше врската меѓу економската писменост, општествената отпорност и одржливиот развој. Дополнително, беше претставена дигиталната платформаEduSpace, како алатка за поддршка на формалното и неформалното економско образование.

Форумот ја истакна важноста на економската писменосткако предуслов за информирано граѓанство, транспарентноуправување и отпорно општество. Преку заедничка работана институциите, образовниот сектор и граѓанскотоопштество, ECONLIT Forum 2025 испрати јасна порака декаинвестицијата во знаење е инвестиција во долгорочнастабилност и развој на земјата.

Најнови вести од: Македонија

Заев и Филипче да кажат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово?

Тој истакна дека 200 милиони евра ќе заработел Дака, благодарение на промената на детално урбанистичкиот план во Тетово кој СДС и ДУИ го носат ден по формирање на владата во 2020 година

Мицкоски: Цената на дизелот ќе се намали за 2,5, на бензинот за 1,5 денари

цената за евросупер 95 ќе биде 82 денари за литар, за евросупер 98 – 84 денари, а дизел годивото ќе се точи за 95,5 денари, а во овие цени не се пресметани поспустите од 2 односно 3 денари што ги обезбедува Окта за своите коминтенти

To top