Македонија

Еден од најистакнатите бугари во земјава нападнат во центарот на Скопје

Бугарското Министерство за надворешни работи остро го осуди физичкиот напад врз 80-годишниот новинар и активист Владо Перев, еден од најистакнатите претставници на бугарската заедница во Македонија, кој денеска во центарот на Скопје беше претепан од непознат маж.

Бугарското Министерство за надворешни работи остро го осуди физичкиот напад врз 80-годишниот новинар и активист Владо Перев, еден од најистакнатите претставници на бугарската заедница во Македонија, кој во центарот на Скопје бил нападнат од непознат маж.

Според Перев, напаѓачот – двојно помлад од него – го удрил во лицето, му ги скршил очилата и извикал: „Бугарите да одат во Бугарија!“, заканувајќи му се и со бесење, токму затоа што е Бугарин.

Министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев, веднаш стапил во телефонски контакт со повредениот Перев и му ветил целосна поддршка. Во официјалното соопштение на МНР на Софија се вели:

„Категорично осудуваме уште еден чин на насилство од омраза врз Бугарин во Република Северна Македонија – феномен, за жал, поттикнат од моменталната социо-политичка атмосфера и антибугарската реторика. Очекуваме надлежните органи во Република Северна Македонија да преземат навремени и ефикасни мерки за истрага и правда. Потсетуваме дека европскиот пат на земјата бара целосно и совесно спроведување на европскиот компромис од 2022 година, вклучително и почитување на заедничките вредности и гарантирање на правата на македонските Бугари.“

Министерството за внатрешни работи на Македонија потврди дека случајот е пријавен и дека се преземаат сите мерки за идентификација и приведување на сторителот.

Најнови вести од: Македонија

Реформа на дисциплинските постапки, гаранции за самостојност и поголема транспарентност при изборот на државниот јавен обвинител

Предлог-законот предвидува модернизација на постојната законска рамка, воведување јасен мерит-систем за избор, унапредување и оценување на обвинителите, како и зајакнување на гаранциите за нивната самостојност

„Зелникот на баба“ ќе се одржи викендов во Пробиштип

Дванаесетта година по ред Општина Пробиштип денот на пролетта, го одбележува со меѓународна манифестација „Зелникот на баба“. Од Општина Пробиштип  во писменото соопштение велат дека манифестацијата ќе се одржи оваа сабота, односно на 21 март, со почеток во 11 часот. Годинава очекуваат присуство на натпреварувачи од 18 општини од Македонија, потоа од пет Здруженија од […]

To top