Македонија

Тројца нови амбасадори ќе ги претстават платформите за идните дипломатски активности

Во Кралството Данска Македонија ќе ја претставува Фадил Зендели, во Украина Димитар Блажевски и во Република Албанија, Веле Трпевски

Во Собранието денеска седница ќе одржат две комисии – Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија и Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите.

Пред членовите на собраниската Комисија за надворешна политика и надворешна трговија денеска на дневен ред се претставувањата на платформите за дипломатските активности на наши тројца вонредни и ополномоштени амбасадори.

Во Кралството Данска ќе не претставува Фадил Зендели, во Украина Димитар Блажевски и во Република Албанија, Веле Трпевски.

На Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите се Годишниот извештај за работата на Оперативно-техничка агенција за 2025 година и Годишниот финансиски план за 2026 година на Оперативно-техничката агенција за средствата од надоместоците од Агенцијата за електронските комуникации.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

To top