Македонија

Еднократна помош за семејствата на загинатите карпошани кај скопската обиколница

На денешната седница беа разгледувани и останатите осум точки кои се најдоа на дневниот ред

На денешната седница беа разгледувани и останатите осум точки кои се најдоа на дневниот ред. Во таа насока советниците ги поддржаа измените и дополнувањата на Програма од областа на детската, социјалната и здравствената заштита, а соодветни корекции претрпе и Програмата за образование за 2026 година.

Мнозински консензус беше постигнат и за Предлог – Одлуката со која се утврдуваат правилата, во процесот на примена и спроведување на урбанистичките планови. Целта на оваа измена е усогласување со законските и подзаконските акти, како и заштита на јавниот интерес, подобрување на урбаната функционалност и спречување на инфраструктурното преоптоварување.

Советниците ја поддржаа Одлуката, со која локалната самоуправа спогодбено ќе преземе административен службеник, кој ќе работи на позиција раководител на Одделение за човечки ресурси во Општина Карпош. Советот даде „зелено светло“ и за Предлог – Одлуката со која се определуваат начинот и условите за давање на користење на училишниот простор, училишните кујни, трпезарии и други подвижни ствари во десетте основни училишта на територија на Карпош, како и овластување за нивно располагање.

Со оваа Одлука, Општина Карпош како основач на општинските основни училишта, им го дава на користење училишниот простор кој се наоѓа во објектите на училиштата и во рамки на градежните парцели на училишните установи, како и право на управување и располагање, согласно закон и одредбите од оваа Одлука.

Позитивен епилог доживеа и Решението за разрешување на член во Управниот одбор на детската градинка „Пролет“. Имено, советниците го изгласаа Решението со кое поради престанок на мандат се разрешува член на Управниот одбор на ЈУОДГ „Пролет“ од редот на родителите, а на негово место е именуван и верификуван е нов член на Управниот одбор, кој исто така е претставник на

Најнови вести од: Македонија

Д-р Чибишев: Ако беше водата во Скопје загадена со ешерихија коли, ќе имавме над 50.000 пациенти!

Не го разбирам мотивот и потребата да се шират (дез) информации дека водата за пиење која ја користат граѓаните на Скопје е загадена со бактеријата еширихија коли. Не знам дали тие болни умови знаат што значи таквото загадување, наведува токсикологот и професор на Медицинскиот факултет при УКИМ д-р Андон Чибишев во објавата на неговиот Фејсбук-профил, по вчерашната паника околу исправноста на водата за пиење во Скопје.

ВРЕДИ: Охридскиот договор за ДУИ беше личен банкомат

Толку е долг списокот на корумпирани членови на ДУИ кои го користеа Охридскиот договор за да ги наполнат своите џебови, што дури и нашиот стратешки партнер јавно проговори за „ендемска корупција“ и стави печат на корупцијата токму на оние кои денес се удираат во гради за „албанизам“

Муцунски: Мора да има одговорност за ширењето лажни вести и предизвикувањето паника

„ Седум години го уништуваа системот и ја поткопуваа довербата на граѓаните во институциите, а сега, кога се обидуваме да изградиме стабилен систем, преку лажни вести и дезинформации се создава паника – рече  Муцунски во гостување на Сител

До пасош за седум дена

Во текот на јули биле примени околу 55.000 барања за издавање лични документи, вклучително и патни исправи, а термин за поднесување барање во редовна постапка се добива во рок од еден до два дена. Документите граѓаните ги добиваат во рок од најмногу седум дена

Гочева: Биди причината нечие срце да продолжи да чука (ВИДЕО)

Еден донатор може да спаси до осум човечки животи и порача дека токму овој факт треба да ги охрабри луѓето да размислуваат за органодарителството. „Донирањето на орган е пред сè еден несебичен чин, а одлуката да спасите нечиј живот едноставно ве прави бесмртни“, порача Гочева

To top