Македонија

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Еден од приоритетите на МОН

Едносменската настава не значи само промена на распоредот туку промена на секојдневието на учениците. Утрата се резервирани за настава, кога учениците се поодморени и поконцентрирани, додека попладнето останува време за спорт, хоби, учење, дружење и за семејството. Наставниците велат дека ваквата организација носи придобивки и за учениците, и за родителите, но и за самите училишта.

Преминувањето на наставата во една смена носи големи придобивки како и за родителите и за учениците и за самото училиште, организирањето создава дневен ритам за учениците, наутро се поодморени, поконцентрирани, а од друга страна овозможува и попладнето да го користат поквалитетно со спортт со јазици дружење и време со семејството, вели наставникот Александра Петковска

Нема повеќе трчање од дома во училиште па од училиште на дополнителни активности. Помалку грижи и подобра организација за родителите, а за наставниците повеќе можности за тимска работа и споделување искуства. Просветните работници очекуваат придобивките да се почувствуваат и во успехот на учениците.

За родителите тие знаат дека се во училиште, ќе си го планираат заедничкото време, во секој случај многу подобра организација добиваме со оваа едносменска настава… Исто така многу е значајно и тоа дека се зголемува и безбедноста кај самите ученици, ако е втора смена завршува во подоцнежни часови, несигурно е темно,… Комуникацијата е важна помеѓу наставниците, работат тимски, споделуваат искуства, добиваме целокупно подобрување и квалитет на самото учење и развојот на учениците, вели Татјана Петковска.

Граѓаните ја поздравуваат одлуката на надлежните за воведување на едносменска настава во основните училишта. За нив ова значи повеќе време со семејството, повеќе време за учење, но и помалку грижи околу тоа кој ќе ги чува децата додека родителите се на работа.

Инаку досега концептот на едносменска настава го прифатиле над 200 училишта. Владата им дава поддршка на општините да се забрза овој процес преку проширување на капацитетите на постојните училишни објекти. Во моментов се инвестира во доградба на училници во шест училишта, додека паралелно се подготвуваат уште 15 проекти за проширување на капацитетите во други училишта.

Најнови вести од: Македонија

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top