Македонија

ЕФА: Бугарија да се извини и да ги признае злосторствата врз илјадниците Македонци, поради изразувањето на македонскиот идентитет и противењето на бугаризацијата!

На годишното собрание на Европската слободна алијанса (ЕФА) едногласно е усвоена декларација со која од Бугарија се бара формално извинување за злосторствата врз македонското малцинство за време на комунистичкото владеење, како и спроведување на 14-те случаи пред Европскиот суд за човекови права поврзани со регистрацијата на македонски организации во Бугарија, е наведено во извештајот на ЕФА. Тоа извинување, според ЕФА, треба да ги признае страдањата на илјадници Македонци кои биле тепани, присилно раселувани, понижувани, казнувани, затворани и убивани поради изразување на сопствениот етнички идентитет и поради спротивставување на бугарските политики на денационализација

Во декларацијата се оценува дека македонското малцинство во Бугарија се соочува со една од најсериозните кризи на човековите права во рамките на Европската Унија.
Според Европската слободна алијанса, системската репресија и етничкото негирање со кои се соочуваат Македонците во Бугарија се директно продолжение на политиките на денационализација започнати во времето на комунистичкиот режим на Тодор Живков.



„Македонското малцинство во Бугарија моментално се соочува со една од најтешките кризи за човекови права во рамките на Европската Унија. Оваа системска репресија и етничко негирање се директен продолжеток на политиките за денационализација иницирани под комунистичката диктатура на Тодор Живков. Во 1963 година, политиката на негирање на постоењето на македонско малцинство беше централен дел од „преродбеничките процеси“ дизајнирани за насилно асимилирање на малцинствата во „обединета бугарска социјалистичка нација“. Денес, македонските заедници сè уште ја слушаат истата исклучувачка реторика од современите бугарски политичари која некогаш ја користеше Живков: дека „Македонците не постојат и не смеат да постојат“.
Во декларацијата се посочува дека во таков контекст Македонија е ставена во позиција да го брани сопственото постоење под, како што се наведува, синтетичката рамка на „решавање на билатералните односи“.

Според ЕФА, тие односи се водат со сосед кој го негира македонскиот идентитет преку долгогодишната политичка порака: „Македонија во ЕУ – да, но македонизам – не“.


Најдиректното барање во документот е Бугарија формално да се извини за злосторствата извршени врз македонското малцинство за време на комунистичките години. Тоа извинување, според ЕФА, треба да ги признае страдањата на илјадници Македонци кои биле тепани, присилно раселувани, понижувани, казнувани, затворани и убивани поради изразување на сопствениот етнички идентитет и поради спротивставување на бугарските политики на денационализација.

Европската слободна алијанса бара итно подигнување на свеста за сериозната состојба со човековите права на македонското малцинство во Бугарија. Посебно се нагласува одбивањето на бугарската држава да ги спроведе повеќе од 14-те случаи поврзани со регистрацијата на македонските организации, како и говорот на омраза со кој, според декларацијата, се соочуваат Македонците во Бугарија.

ЕФА (European Free Alliance) е европска политичка партија која обединува регионалистички, автономистички и партии што се залагаат за поголеми права на народи и региони во Европа.

Најнови вести од: Македонија

Јаневска: Изборниот предмет „Сеопфатно сексуално образование“ го повлекуваме, заради длабока ревизија по барање на јавноста

Изборен предмет „Сеопфатно сексуално образование“ во средно образование ќе нема. МОН одлучи да ја повлече наставната програма за да се направи ревизија. Ова денеска го соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска по реакциите за воведувањето на овој предмет по избор за средношколците од прва до четврта година.

Вчера битолчанецот Михаил Николовски (15) спаси тричлено бугарско семејство од давење во разбеснетите бранови на Егејското Море во Грција!

Вистинска драма вчера се случила на плажата во Олимпијада, Грција, каде што силните бранови и подводните струења за малку ќе го однеле во смрт цело тричлено семејство од Бугарија. Во моментите кога жената панично повикувала на помош, од присутните на плажата реагирал 15-годишниот битолчанец Михаил Николовски. Без двоумење влегол во разбрануваното море.

Од 253 грама до 201 грам: Најлесниот Fold во светот

Откако го претстави првиот Galaxy Fold со тежина од 276 грама во 2019 година, Компанијата Самсунг („Samsung“) продолжи да го проширува она што може да биде еден преклопен паметен телефон, унапредувајќи го дизајнот на шарките и екранот, издржливоста и употребливоста со секоја генерација

To top