Македонија

Екс-директорите на Онкологија, Васев и Нухи, остануваат во притвор, не помага ниту гаранција од 350.000 евра

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд – Скопје денеска го одби предлогот на одбраната за укинување на притворот на обвинетите Нино Васев и Нехад Нухи во предметот „Онкологија 2“ иако беа понудени имотни гаранции во вредност од над 350.000 евра. Судот оцени дека не се промениле околностите за применување поблаги мерки, а истовремено појасни дека нема надлежност да одлучува за гаранција во оваа фаза од постапката.

Екс-директорите на Клиниката за онкологија, Нино Васев и Нехат Нухи, остануваат зад решетки откако Кривичниот совет денеска го одби предлогот на одбраната за нивно пуштање на слобода. Иако адвокатите понудија имотна гаранција во вредност од над 350.000 евра, судијката Славица Наумова-Јосифовска пресече – околностите не се променети и сè уште постојат причините поради кои беше одреден притворот.

Дополнително, судот појасни дека во оваа фаза од постапката нема надлежност да одлучува за понудената гаранција, упатувајќи ги странките на Советот кој го потврдил обвинението. Со ова, двајцата клучни обвинети во предметот „Онкологија 2“ продолжуваат да ја чекаат правдата од истражниот затвор. Во образложението за одбиениот предлог за укинување на мерката притвор судијката Славица Наумова-Јосифовска на денешното рочиште наведе дека не се измениле околностите во постапката за да може да се применат поблаги мерки.

  • Не се прифаќа предлогот на одбраната во оваа фаза од постапката да биде укината мерката притвор и заменета со куќен притвор со оглед дека нема променети околности што укажуваат дека истата цел поради која била определена мерката притвор може да се постигне и со поблага мерка, односно смета дека сѐ уште опстојуваат причините поради кои мерката притвор е определена, а потоа продолжена само во согласност со член 165, став 1 точка 1 од ЗКП во однос на двајцата обвинети дотолку повеќе што кривичниот совет на судот на секои 30 дена ја испитува потребата од негово продолжување-рече судијката.

Во однос на понудената имотна гаранција, судот појасни дека нема надлежност да одлучува за гаранција во оваа фаза од процесот.

  • Согласно одредбата од член 154 од ЗКП надлежноста за носење за решение на гаранција по потврдување на обвинителниот акт е на советот од член 25 став 5 од ЗКП, па оттука, судечкиот совет нема овластување согласно ЗКП за носење решение са гаранција во текот на постапката, меѓутоа странките не го губат правото ваков предлог повторно да изнесат пред судечкиот совет-дополни таа.
ЈО претходно се произнесе негативно на ова барање. На денешното судење сведочеше претставник од Државниот завод за ревизија,  кој на прашања од обвинителството детаљно објасни како и зошто била извршена ревизијата на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) за 2021 година и посочи на слабости и неусогласености со законските прописи. Тој одговараше и на вкрстените прашања од одбраната и прашањата на обвинетите Нино Васев и Нехат Нухи кои се однесуваа на улогите, надлежностите и практиките во работењето на клиниката.

Најнови вести од: Македонија

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците. „Како Директор на Институтот за јавно здравје, ги отфрлам последните обвинувањата на ДУИ. Во изминатиов период во Институтот за јавно здравје имаше инспекциски надзор од страна на инспектори од Инспекторатот за […]

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

ЗНАМ: Во моментов не постои уставна и законска основа да се полага правосудниот испит на албански јазик

„ЗНАМ ја разбира нервозата и хистеријата кај одредени претставници на моноетнички политички партии предизвикани од јасниот и принципиелен став на ЗНАМ дека правосудниот испит треба да се полага на македонски јазик, во согласност со Уставот и законите на државата.“ – соопшти денес Движењето ЗНАМ.

Делото на Видоески наспрема „Бугарскиот договор“: дали е време во 2026 Македонија да постапи како Бугарија со „Бледскиот договор“ во 1949?! (2)

Грандиозното научно дело на дијалектологот Божидар Видоески не само што ги урива сегашните бугарско-грчки фалсификати и оспорувања на македонскиот јазично-идентитетски комплекс, туку и отвора сериозен простор за дилема: дали нема, или можеби и има право Република Македонија, согласно и со меѓународното право и неговиот врховен принцип „јус когенс“ да постапи денес со „Бугарскиот договор“ еднакво како што постапи Бугарија со „Бледскиот договор“ во 1949 година – како Бугарија согласно со нејзините „бугарски државни и национални интереси’, така и Македонија согласно со своите државно-национални интереси?! Зашто, великанот на македонската дијалектологија аргументирано докажа и сиот свој живот го бранеше македонскиот јазик како столб на македонскиот идентитет – столб кој е денес загрозен со бугарските евроинтеграциски уцени и ултиматуми.

Студиите на Божидар Видоески ги кршат на парчиња грчко-бугарските шовинистички негирања на македонските дијалекти во Егејска и Пиринска Македонија (1)

Со своето големо научно дело за македонската дијалектологија професорот и академик Божидар Видоески му изгради траен паметник на македонскиот народ за неговиот мајчин македонски јазик и неговите дијалекти, на македонскиот идентитет. Зашто во дијалектите на македонскиот јазик се вградени сета негова историја, сето зборовно богатство, културата, обичаите, народните традиции, песните. Вчера, на 8 ноември 2026 година, се навршија 106 години од раѓањето на Видоески, основоположникот на современата македонска дијалектологија. Тој остави зад себе остави огромно дело од повеќе од 300 библиографски единици – дијалектолошки студии, монографии, статии, документи и др., објавувани во домашни и видни странски списанија и зборници. Истражувањата и студиите на овој македонист, славист и дијалектолог жестоко ги побиваат сите антимакедонски и ненаучни фалсификати и оспорувања на македонскиот народ, јазик и идентитет, кои се вградени во „Договорот за добрососедство“ со Бугарија, односно „Бугарскиот договор“, како и во „Преспанскиот договор“.

Крива Паланка бара државна помош: Општината нема капацитет сама да се справи со кравите

Општинскиот кризен штаб алармира дека над 1.000 грла добиток се движат низ центарот и уништуваат имоти, по што градоначалникот Сашко Митовски побара итна владина интервенција

Најнови вести

To top