Македонија

Екс државен правобранител обвинет за мито вредно 3 милиони денари

Ја бранел владата на Заев и земал мито за незаконско влијание

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт против Фехми Стафа за кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“.

Стафа, поранешен државен правобранител, е обвинет дека во периодот од октомври до 13 декември 2025 година примил 50.000 евра.

Овие средства биле наменети за посредување и искористување на неговото влијание за интервенција кај судија во Апелациониот суд Скопје, со цел да се изврши службено дејствие што не смеело да се изврши преку давање поткуп.

Обвинителниот акт е поднесен до Основниот кривичен суд Скопје, а со него е доставен и предлог за продолжување на мерката притвор поради неизменети околности.

Стафа беше уапсен на 13 декември минатата година, а притоа биле пронајдени и одземени парите.

Лицето за кое Стафа наводно требало да издејствува укинување на мерката притвор е Љупчо Пецов, осомничен во случајот „Синџир“.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Судење за „Пулс“: Инспекторка утврдила нова фирма, но не направила нова контрола поради „немање влијание врз животната средина“

На денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше инспекторка за животна средина во Општина Кочани, која истакна дека во 2022 година утврдила оти објектот работи под друго правно лице, но не извршила повторен надзор бидејќи сметала дека станува збор за субјекти што немаат влијание врз животната средина

To top