Македонија

Екс функционер од ДУИ бара федерализација на Македонија

Почнува ли уште еден обид на ДУИ за кревање на меѓуетнички тензии

Екс функционерот од ДУИ Рафис Алити кој беше пратеник и директор на Македонска пошта бара федерализација на Македонија.

Според Алити федерализацијата е иднината на Македонија.

Во својата колумна објавена на порталот Zyrtare.net Алити кој е познат како ,,Командант учител” од 2001 година, оценува дека единственото решение за иднината на Македонија е нејзиното федерализирање според моделите на Тирол, Белгија или Канада.

Алити вели дека Македонија де факто е бинационална држава, но де јуре останува унитарна, што според него претставува експеримент кој не функционира.

Тој ја обвинува македонската политичка елита и „псевдопатриотите“ дека работат против соживотот и иднината на државата, наводно во служба на политиките на Белград и Москва.

„Албанците ја сакаат Македонија и сакаат соживот, но рамноправен со Македонците“, пишува Алити.

Тој критикува дека македонската политичка елита систематски ги крши или заобиколува правата на Албанците гарантирани со Уставот и Охридскиот рамковен договор.

Како главни проблеми ги наведува:
Неимплементирање на Законот за јазиците;
Необезбедување на правично и адекватно претставување;
Непроведување на децентрализацијата;
Непропорционална распределба на средствата и дискриминација во сите сфери на животот.

Алити особено остро го критикува Уставниот суд, кој според него донесува „скандалозни и еднострани“ одлуки под влијание на власта, при што албанските судии се прегласуваат.

Тој ги спомнува одлуките за Законот за употреба на националното знаме, Законот за јазици, укинувањето на Балансерот, како и одземањето на правото родителите да го запишуваат етничкото потекло на децата.

Колумнистот ги повикува пратениците, и албански и неалбански, да не гласаат за закони кои им штетат на Албанците, бидејќи ќе сносат одговорност.

„Овие права и уставните измени од 2001 година се извојувани со крвта на борците и мачениците на УЧК“, заклучува Рафис Алити.

Колумната доаѓа во време на постојани етнички тензии кои се наметнуваат од страна на ДУИ околу имплементацијата на Охридскиот договор и прашањето за правата на Албанците во Македонија.

Најнови вести од: Македонија

Граѓани бараат враќање на сонцето од Кутлеш на споменикот „Судени за Македонија“

Сонцето од Кутлеш од споменикот беше избрусено во ноември 2022 година, четири години по потпишувањето на Преспанскиот договор кога Македонија презеде обврска дека ќе ја спроведе забраната за употреба на 16-кракото сонце

Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство

На средбата со унгарскиот колега, Андреш Бака, Сиљановска-Давкова се заблагодарила за принципиелната и гласна поддршка од Унгарија на македонските евроинтеграции и нејзиниот активен ангажман во рамките на „Вишеградската група“

To top