Македонија

Ексдиректорот на АНБ сам се пронајде во прозивките, реагираше ВМРО-ДПМНЕ

Очигледно е дека сам си ја брка мувата од капата

Интересно е што Виктор Димовски, иако никој не го прозва, сам се пронајде во прозивките за прислушување и следење на медиумите, новинарите и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Очигледно е дека сам си ја брка мувата од капата. Е кога сме кај тоа, исто интересно е што самиот призна дека имало следење па и имало тајни соработници како што самиот посочува. Разликата е тоа што Виктор Димовски тврди дека имало оправдани причини за следење, а ние велиме дека причините се измислувале и злоупотребувале механизмите за тоа. Но и во едниот или другиот случај факт е дека имало следење. Инаку Виктор Димовски заедно со Еролд Муслиу се истиот канцер на безбедносните служби во државата. И одговорност мора да има“, наведено е во партиското соопштение.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

Владата ги испрати Кривичниот законик и законот за кривична постапка во Брисел на мислење

Министерството за правда на Владата на Република Македонија ги достави Нацрт-кривичниот законик и Нацрт-законот за кривичната постапка до Европската комисија за мислење, со што продолжува процесот на сеопфатна реформа на казненото законодавство и негово усогласување со европските стандарди.

Претседателот на Уставниот суд на РМ Костадиновски за политичките притисоци: Не смее да ја диктираат правдата

Наша должност е да им одолееме на политичките притисоци и да ја држиме политиката во рамките на правото – порача денеска во Охрид претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. Тој оцени дека Уставниот суд е единствената институција што треба да обезбеди политиката и државните органи да ги почитуваат уставните и законските рамки.

To top