Македонија

ЕУ за летово го планира најголемиот одговор на шумски пожари досега

 ЕУ го планира својот најголем досегашен ангажман за борба против шумските пожари ова лето, јави ДПА

ЕУ го планира својот најголем досегашен ангажман за борба против шумските пожари ова лето, јави ДПА.

Со оглед на зголемениот ризик од шумски пожари низ Европа, речиси 800 пожарникари од 14 земји ќе бидат распоредени во особено ранливите области во Кипар, Грција, Италија, Франција, Шпанија и Португалија, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Покрај тоа, 22 авиони и пет хеликоптери од флотата на ЕУ се во состојба на подготвеност за да обезбедат поддршка.

– Ова е европската солидарност на дело. Пожарникарите од целиот наш континент споделуваат една мисија: да ги заштитат луѓето, домовите и шумите – рече Фон дер Лајен.

Проектот се координира и финансира од Европската комисија преку Механизмот за цивилна заштита.

Иницијативата е поддржана со деноноќна координација и помош од експерти во Центарот за координација на итни случаи. Понатаму, ЕУ планира да формира нова Европска регионална противпожарна станица во Кипар за да ги зајакне капацитетите за превенција и одговор на шумските пожари низ Европа и во регионот на Јужниот Медитеран, беше соопштено.

Шумските пожари во Европа минатата година изгореа повеќе од еден милион хектари, што е најголема површина досега евидентирана, се вели во извештајот за состојбата на европската клима објавен од Светската метеоролошка организација (СМО) и Службата за климатски промени Коперник на ЕУ.

Најнови вести од: Македонија

Клековски: Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка годишно во Македонија, ќе се преиспитува скрининг-програмата

Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка се регистрираат годишно во земјава, а во моментов околу 7.000 пациентки се лекуваат или се лекувале, изјави министерот за здравство Сашо Клековски на „Розовиот пикник појадок“ во Скопје во Паркот кај Школка, организиран од ХЕМА-ОНКО. Настанот го поддржа и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, како и голем број жени кои присуствуваа, за да ги слушнат пораките за важноста на превенцијата, раното откривање и отворениот разговор за ракот на дојка.

Целосно слеп човек повикан да докажува дека е слеп и му била намалена помошта – ДКСК утврди дискриминација од стручната комисија

Човек целосно слеп на двете очи, чија здравствена состојба е медицински утврдена како трајна и непроменлива, повторно бил повикан на контролен преглед за да му се проценува потребата од туѓа помош и нега. Помошта што претходно ја добивал му била определена во помал обем.

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

Најнови вести

To top