Македонија

Европска министерка за два дена два пати го промовираше Скопје 2014

Розенкранц направи реклама за 4 објекти од проектот поради кој беше критикувана претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ

Министерката за Европски прашања на Кралството Шведска  за време на престојот во Македонија за два дена два пати го промовираше проектот Скопје 2014.

Најпрвин таа се сликаше како јаде Симит погача на плоштадот Македонија додека во позадина се гледаат објектите од проектот Скопје 2014.

На фотографиите кои ги објави амбасадата на Шведска од фотосесијата со јадењето на Симит погача министерката Џесика Розенкранц во позадина се гледаат зградите на Музејот на ВМРО и новата зграда на Македонскиот народен театар а делумно се гледа и споменикот на Гоце Делчев.

Сите овие објекти се дел од проектот Скопје 2014.

Дополнително Розенкранц односно амбасадата на Кралството Шведска објавува и видео од посета на Розенкранц на Археолошкиот музеј каде што отишла по препорака на премиерот Мицкоски за што таа е благодарна.

,,Ви благодарам 🙏 за добрата препорака, премиере Христијан Мицкоски. Посетата на Археолошкиот музеј беше многу ценет додаток на посетата на шведскатацќ министерка за ЕУ ​​Џесика Розенкранц на Скопје”, објави амбасадата на Шведска.

Зградата на Археолошкиот музеј е исто така дел од проектот Скопје 2014.

Најнови вести од: Македонија

Аларм: Децата без око да им трепне си купуваат цигари како да се мастики

Ново истражување за употреба на тутун кај младите покажува системски недостатоци на повеќе нивоа – од висока достапност на цигарите во продавници и киосци, каде што основците меѓу шесто и деветто одделение можат да набават тутун без поголем проблем, па сѐ до висока изложеност на децата на чад внатре и околу училиштата.

Одложена седницата на работната група за реформи во изборното законодавство, материјалите не биле преведени на албански јазик

Денес не се одржа конститутивната седница на работната група за реформи во изборното законодавство, поради барањето на дел од албанските партии да бидат преведени материјалите.

Мисајловски: Службата на „Волците“ е симбол на непоколеблива решителност и врвна подготвеност, но и заклетва, чест и љубов кон Македонија!

„Специјалните сили ‘Волци’ се симбол на непоколеблива решителност и врвна подготвеност. Тие се први кога е најпотребно, најсилни кога е најтешко и најодлучни кога татковината бара сигурност и заштита. Со беспрекорна обученост, тимски дух и силно чувство за должност, секојдневно ја потврдуваат својата елитна позиција во македонската Армија. Вашата служба не е само професија, таа е заклетва, чест и љубов кон Македонија. Благодарение на вашата пожртвуваност, нашите граѓани се чувствуваат безбедно.“ – објави на својот фејсбук-профил министерот за одбрана на Република Македонија Владо Мисајловски.

To top