Македонија

Европска министерка за ЕУ среде Скопје позираше со симит погача

Каде е подобро да се ужива во него отколку во срцето на главниот плоштад

Шведска министерка среде Скопје позираше со Симит погача, објави амбасадата на Кралството Шведска во Македонија.

Амбасадата објави дека министерката го започнала денот во Скопје со локален специјалитет!

,,Нашата министерка за ЕУ, Џесика Розенкранц, го започна напорниот ден со енергичен појадок пред нејзината прва средба со 🇲🇰 министерот за ЕУ, Муртезани, и МЕА.

✨Солено „лепче во лепче“ – симит погача, типично скопско пециво, и каде е подобро да се ужива во него отколку во срцето на главниот плоштад во градот, со поглед на еден од најзначајните пејсажи во градот:

🌉 Камен мост

🏰 Тврдина Кале

🛍️ Стара чаршија

⛪ Црква „Св. Димитрија“

🏛️ Даут-пашин амам

🕌 Мустафа-пашина џамија

Сè во еден кадар – поглед што совршено ја раскажува приказната за богатото мултикултурно наследство на Скопје и живописното општество на Македонија.

🇸🇪 + 🇲🇰 = Заедно посилни”, објави шведската амбасада во Скопје користејќи ги следните хаштази:

#ЕУинтеграција #Шведскаподдржува #СевернаМакедонија #КултурноНаследство #Заеднопосилни #ПроширувањенаЕУ

 

Најнови вести од: Македонија

„Србите се обидоа да го отрујат албанскиот амбасадор во Скопје, во израелската амбасада!“ – „бомба“ на Карамучо, за кого РМ е „картон-држава“, што „паѓа за 24 часа без Албанците“!

„БОМБА на Карамучо: Србите сакаа да го отрујат нашиот амбасадор во Скопје, внатре во израелската амбасада!“ – оваа вест вечерва, на 9 април 2026 година веднаш ја пренесоа  информативната агенција на Илирија-ИНА и голем број други медиуми на албански јазик во Македонија. Станува збор за изјава на д-р Артан Карамучо, професор по криминологија во Правниот факултет на државниот Универзитет во Тирана. Не е именуван дипломатот, за кого се изнесени овие свои бомбастични и сѐ уште непотврдени сознанија, но останува да се претпоставува: дали се работи за Денион Мејдани, моментниот албански амбасадор во Скопје? До овој момент нема прецизирање кога се случил наводниот „обид за труење“ на албанскиот амбасадор во Скопје. Карамучо, пак, завчера, на 8 април, за „Еуроњуз“ даде уште една, своја овојпат скандалозна изјава за Република Македонија, нарекувајќи ја како „држава од картон“, со тврдење дека „ќе падне за 24 часа без Албанците“!

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Најнови вести

To top