Македонија

Фетаи со честитка за реизборот на Мицкоски

Вицепремиерот му посака успех на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во новиот мандат и нагласи дека соработката во рамки на Владата и коалицијата ќе продолжи со исто темпо

Вицепремиерот Арбен Фетаи му го честиташе третиот мандат на Христијан Мицкоски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи дека повторната поддршка од партискиот конгрес јасно ја потврдува насоката и визијата на партиското раководство.

Фетаи му посака успех на Мицкоски во новиот мандат и нагласи дека соработката во рамки на Владата и коалицијата ќе продолжи со исто темпо, фокус и енергија, со цел остварување на конкретни резултати, развој и напредок на државата.

 

Најблиските соработници со честитки до Мицкоски: „Вашата визија инспирира и обединува“

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top