Македонија

Фетаи: Владата вложува во проекти како никогаш досега! Ја уредуваме и канализацијата во Зајас, каде што Ахмети и ДУИ крадеа од парите за неа!

Фетаи: „Нашата влада е реформска, го работиме она, што не е направено две децении.“ – изјави вицепремиерот Арбен Фетаи во интервју за Радио телевизија Косово. Ова го пренесе порталот на албански јазик „Актуале“. Порталот пишува: Вицепремиерот Арбен Фетаи посочи дека дека се вложува како никогаш досега. Тој ги наведува проектите што ги спроведува оваа влада, […]

Фетаи: „Нашата влада е реформска, го работиме она, што не е направено две децении.“ – изјави вицепремиерот Арбен Фетаи во интервју за Радио телевизија Косово. Ова го пренесе порталот на албански јазик „Актуале“.

Порталот пишува: Вицепремиерот Арбен Фетаи посочи дека дека се вложува како никогаш досега. Тој ги наведува проектите што ги спроведува оваа влада, додавајќи дека ги завршуваат проектите во Зајаз, каде што ДУИ крадеше пари и од канализацијата за ова село.

„Патот Призрен-Тетово и автопатот Скопјe-Блаце ќе бидат завршени во овој мандат. Издвоени се 34,5 милиони евра за универзитетскиот кампус ‘Мајка Тереза’, што не се случило никогаш во времето на ДУИ. Вложуваме 20 милиони евра за катни паркинзи на плоштадот Скендербег во Скопје. Нашите општини немаат толкав капацитет да поднесуваат проекти колку што Владата издвојува пари од фондовите. Ние ја регулираме и канализацијата во Зајас на Али Ахмети, кој за ова не направи ништо. ДУИ крадеше пари и за канализацијата во Зајас!“

Најнови вести од: Македонија

Во најава поевтини мобилни услуги – Што ќе значи „4iG“ за Македонските граѓани?!

Премиерот се сретна со сопственикот на компанијата која ја доби дозволата за трет мобилен оператор. Денот, како што нагласува, го продолжиле на панел на кој со светските лидери и претставниците на мултинационални компании разговарале за предизвиците на човештвото во годините што следуваат.

Новиот систем за влез во ЕУ може да ги уништи транспортерите и економијата

Македонските превозници да бидат ослободени од новите правила за електронска евиденција при влез во Шенген-зоната, апелира до Европската Унија Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, предупредувајќи дека нивната примена ќе предизвика сериозни удари врз домашната и врз регионалната економија. Од Собранието, Николоски изјави дека Владата целосно ги разбира револтот на транспортерите и најавениот протест од […]

(Фото+Видео): Сите државни патишта се исчистени и проодни, екипите на „Македонија пат“ на терен, вели министерот за транспорт

„Благодарам за силниот ангажман на вработените во Македонија пат. А, снегот дава дополнителна убавина на нашата Македонија!“, порача министерот за транспорт Николоски. Министерството апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и да патуваат внимателно, и покрај подобрените услови на патиштата.

Бојан Маричиќ е предложен од СДСМ за претседател на Државната изборна комисија

За седумчлениот нов состав на ДИК пријавени беа вкупно 16 кандидати Државната изборна комисија е составена од седум члена (претседател, потпретседател и пет други члена). Членови на ДИК може да бидат државјани на Република Македонија со постојано место на живеење во земјата, да се дипломирани правници со најмалку осум години работно искуство како правници и […]

Мицкоски: Како трет мобилен оператор „Фор-ај-џи (4iG)“ ќе инвестира 100 милиони евра, ќе се намалат цените на услугите!

„Денот во Давос го започнавме со состанок со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи (4iG)“, компанија која што ја доби дозволата за третиот мобилен оператор во Македонија. Разговаравме за неговите планови, откако ги упати парите, што се потребни за добивање на лиценцата. Тој ме информираше дека во следниот период ќе инвестира повеќе од 100 милиони евра во развој како трет мобилен оператор. Граѓаните добиваат нова компанија, што ќе нуди мобилни услуги и  којашто, сигурен сум, ќе влијае позитивно за  намалување на цените на услугите кои, што мобилните оператори ги нудат за граѓаните во Македонија.“ – изјави премиерот Хритијан Мицкоски.

Лажни мејлови од Бирото за јавна безбедност за наводни „кривични истраги“ – не отворајте ги!

Во последните денови, МВР регистрира зголемен број пријави од граѓани кои добиле електронски пораки наводно испратени од директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, или од Единицата за сајбер безбедност. Во пораките, примачите се предупредуваат дека се предмет на кривични истраги за сериозни злосторства како детска порнографија, педофилија или трговија со дрога и им се наложува да се јават во полициска станица или да испратат повратен имејл во рок од 24 часа.

За ексминистерот за внатрешни работи на Албанија Демирај Вевчанскиот карневал е „марш на српско-македонскиот фашизам“?!

„Срамната парада во Вевчани, кај Струга, овој месец, претставуваше марширање на српско-македонскиот фашизам, бидејќи на улиците во Вевчани се славеа масакрите во Хрватска и Босна и Херцеговина и геноцидот во Косово, извршен од српските четници. Таа парада беше марш на омраза од луѓе без совест, кои ги слават злосторствата против човештвото, крвта на децата, жените и невините цивили во Хрватска, Босна и Косово. Ова не е ‘комеморација’, туку славење на криминалот и варварството.“ – тврди Дритан Демирај од Албанија, во својата скандалозна колумна со наслов „Генералот Демирај: Аркан маршира повторно – српскомакедонскиот фашизам на улица, Албанците во молк“. Дритан Демирај е поранешен високорангиран и повеќекратно одликуван офицер во албанската армија, командант на нејзините специјални единици „Командоси“. Во 2017 гоина бил министер за внатрешни работи на Албанија. Тој е и доктор на науки по меѓународни односи и безбедност.

To top