Македонија

ФФМ со рекордна донација на опрема за фудбалери од младински екипи

Спортска опрема за деца

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денес реализира рекордна донација на спортска опрема за екипите од младинските категории. Вкупно 42 екипи кои настапуваат во Супер младинската лига, Втората и Третата младинска лига добија по 44 комплети опрема (тренерки, маици и шорцеви за тренинг, ранци), како и по 30 фудбалски топки.

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ заедно со Горан Пандев, Агим Ибраими и Ѓорги Христов ги поздравија присутните претставници на клубовите во „Куќа на фудбалот“ и упатија порака за континуирана поддршка и соработка.

-Со особена гордост ја предаваме спортската опрема за младинските категории на 42 екипи, односно опрема за 1848 деца од младинските клубови. Ова е прв пат ФФМ да реализира донација од ваков обем за младинските категории, што уште еднаш ја потврдува нашата определба кон иднината. Нашата цел е јасна, младите фудбалери да имаат најдобри можни услови за развој, а клубовите да бидат ослободени од дополнителни трошоци. Сакам да потенцирам дека оваа опрема е наменета исклучиво за децата и клубовите немаат право да им ја наплаќаат на родителите. ФФМ ќе продолжи да прави сè што е потребно за да им помогне на оние кои вложуваат во младинскиот фудбал, затоа што иднината на нашата игра е токму во овие деца, изјави Омерагиќ.

Вкупно 1.848 деца се опфатени со оваа донација, чија вредност изнесува околу 150.000 евра, обезбедени целосно од средствата на ФФМ.  (МИА)

Најнови вести од: Македонија

Луна паркот готов за една година – убава вест за најмладите, но и за повозрасните

Во врска со тоа дали смета дека проширувањето на улици е најдобар пристап во град кој веќе се соочува со сериозно загадување и прекумерна доминација на автомобили во јавниот простор, оцени дека за овој проблем има паралелен пристап, од една страна ги решаваат тесните грла во градот, од друга се обрнува внимание и на еколошкиот транспорт.

Интервју: Динамични и продуктивни 100 дена, низа капитални проекти за 50. јубилеј на Општина Гази Баба

Освен настаните, предвидени се и одликувања и признанија за поединци, организации и институции кои со својата посветеност и работа оставиле траен белег во развојот на Гази Баба. Овие признанија не се само симболични, туку се потсетник за тоа дека заедничката работа и посветеноста кон граѓаните се вредности кои ја градат нашата општина.

To top