Спорт

Чешките власти обвинија 32 лица за местење натпревари

Властите во Чешка подигнаа денеска обвинение против 32 лица за местење фудбалски натпревари. Станува збор за натпревари од првата лига, како и од младинските категории

Властите во Чешка подигнаа денеска обвинение против 32 лица за местење фудбалски натпревари. Станува збор за натпревари од првата лига, како и од младинските категории.

Обвиненијата следуваат по полициските рации во седиштето на Чешката фудбалска асоцијација и неколку клубови, вклучувајќи го и прволигашот Карвина.

Обвинителот Радим Драгун прецизираше дека обвинетите се товарат за учество во криминална организација, измами, корупција и перење пари. Тие се соочуваат со казна затвор до 13 години.

Меѓу осомничените, наводно, е градоначалникот на Карвина, Јан Волф, судии од професионалната листа, како и фудбалерот на Карвина, Самуел Шигут.

Чешката фудбалска асоцијација соопшти дека ги поддржува постапките на полицијата и судските органи, откако претходно, нејзината Комисија за етика, исто така, поведе постапка против 42 физички лица и пет клубови.

Најнови вести од: Спорт

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија 2027 во Истанбул се организира во соработка со Министерството за култура и туризам и Министерството за млади и спорт на Турција, Генералната управа за забава на Кралството Саудиска Арабија, Кралската шпанска фудбалска федерација, Турската фудбалска федерација, компанијата за организација на настани Sela Events и турската агенција за комуникации и маркетинг Hezarfen Ajans.

To top