Македонија

Филипче бара референдум за „Бугари во устав“: Граѓаните нека одлучат за европската иднина на земјата!

Лидерот на СДСМ Венко Филипче повика власта да распише референдум за прашањето на уставните измени, со цел да се внесе „бугарското малцинство“ во Уставот и да се деблокираат преговорите со Европската Унија. „Не може Христијан Мицкоски да одлучува за нашите судбини. Едноставно, доста е. Мора граѓаните да одлучат за тоа.“ – рече Венко Филипче.

– Затоа што ова веќе не е политичко прашање. Ова е прашање на сите нас, за секој еден граѓанин, за нашите семејства. Едноставно, прашање за нашата иднина. Нема да дозволиме децата да се селат во Европа, во Америка, во Австралија. Не сакам нашите деца да растат тука во оваа земја, која што е безнадежна, којашто нема иднина и во којашто не ја гледаат својата шанса. Ова е референдумско прашање. Не може Христијан Мицкоски да одлучува за нашите судбини. Едноставно, доста е. Мора граѓаните да одлучат за тоа. Затоа што граѓаните, нивните семејства, нивните деца, ќе ја плаќаат цената на овие погрешни политики на Мицкоски.“ – тврдеше шефот на социјалдемократите. 

Тој посочи дека „затоа граѓаните се единствени кои што можат да одлучат за својата судбина“. „Не сакаме сите да ја плаќаме оваа цена. Сакаме иднина. Распишете референдум, прашајте ги граѓаните. Не може вие да одлучувате за судбината на сите кои што живеат во државата.“ – наведе Филипче на прес-конференцијата.

Најнови вести од: Македонија

To top