Македонија

Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг

Раководство раскарано секој со секого, поделено членство, партиски фракции кои бараат промени, рејтинг рамен на статистичка грешка, никаква идеологија, одработување за интереси на друга држава, заробена партија. Ова се причините зошто СДСМ и Венко Филипче бегаат од избори како ѓавол од темјан.

Поранешни и сегашни видни партиски функционери смета дека е сосем очекувано што Филипче се обидува да избегне изборно соочување. Луѓето во СДСМ не гледаат политички субјект на кој би му дале поддршка, од причина што нема буквално никаква понуда.

-Кога се обраќате до граѓаните и кога сакате да ги придобиете, граѓаните сакаат да чујат дека вие сте спремни за политиките за кои што се залагате, да излезете на мегдан за да добиете поддршка. И сега кажувате дека нешто не чини, значи треба да понудите алтернатива, треба да понудите програма. Ние реално до програмата до сега нешто не видовме, имаше и програмски конгрес и луѓе и структура која треба наводно таа програма да ја спроведе, но освен секојдневни излегувања, обвинувања, критики, не слушнавме нешто како понуда, вели за Алфа Саша Богдановиќ, претседател на Српска демократска лига.

Филипче цело време повикува на некакво опозициско обединување, а наместо тоа со отровни стрели оди против оние кои и најмалку ќе ја искритикуваат неговата работа. Поради тоа во СДСМ доаѓа до уште поголеми поделби, се појавуваат внатрешни фракции, но и се формираат нови партии од луѓе кои биле дел од највисоките раководни тела на Бихаќка.

-Таа партија важеше како партија отворена за сите, сега гледаме дека на пример веќе посочува, односно елиминира луѓе кои што биле дел или би можеле во иднина да бидат дел, дел од структурите. Бидејќи на крајот вие мора да имате структура за да ја спроведете својата политика, членство, општински организации, месни итн. Ако вие си ја елиминирате сами структурата, а тоа го правите за да спроведете нечија туѓа идеологија, и гледаме дека тоа се случува од некои коалициони партии, дури и некои од идеолозите, изјави Богдановиќ.

Филипче изворот на проблемите внатре во партијата, го бара секаде освен во своите редови. Во обид да го оправда се поизвесниот и нов катастрофален пораз кои ќе им следи на избори, повторно реши вината за лошиот личен и партиски рејтинг да ја бара кај сите, освен кај самиот себе и своите најблиски соработници. Повторно меѓу главните виновници ги најде и медиумите кои не ги контролира.

Околу можни предвремени избори, првиот човек на социјалдемократите, на неколку прес конференции реши да повторува дека немал да биде алиби на васта за евентуално изборно соочување. Си имале две третини, па сами нека си распишеле, не им требала СДСМ.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова со Бланар: Словачка е против двојни стандарди во третирањето на земјите-кандидати за ЕУ

Словачка со силна поддршка за Македонија. Претседателката Сиљановска-Давкова денеска го прими министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој престојува во официјална посета на земјава.

Премиерот е за отворање рудник за антимон кај Крива Паланка – „Штука“ и „Иловица“ предмет на судска постапка

Мицкоски истакна дека арбитражниот спор за „Казандол“ завршил во корист на македонската влада и дека украинската компанија, која била концесионер и ја покренала постапката, треба да ги плати трошоците поврзани со арбитражата.

Производството на струја е стабилно, рече министерката Божиновска

Произведената електрична енергија во земјава сега се продава по 65 евра за мегават-час, што е повеќе од двојно пониска цена во споредба со периодот кога актуелната Влада ја презела функцијата, кога цената надминувала 135 евра.

Мицкоски за Филипче: Ме нарекува „идиот“, а „идиот“ 7-8 пати го победува на избори, и нека се запраша кој е вистинскиот идиот?!

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли обвинувањата упатени кон него, истакнувајќи дека бил навредуван оти е „арамија“, „предводник на организирана криминална група“ и “нарко-трговец. Тој потсети и дека Филипче го нарекол „идиот“, прашувајќи кој е, поправо, вистинскиот идиот, ако тој тој успеал да победи на седум или осум избори.

Мицкоски: Предложивме студентскиот оброк да се зголеми на 4.500 денари месечно, да се воведе дигитална М-услуга и можност за дополнителни попусти

Зголемување на субвенционираниот студентски оброк од сегашните околу 3.500 на 4.500 денари месечно, можност за дополнителни попусти при купување храна и воведување посебна дигитална услуга преку апликацијата М-услуги, ова е предлогот што Владата им го презентирала на претставниците на студентските парламенти на сите универзитети, информираше денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашање на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска за младинските политики и студентскиот стандард.

Бланар: Словачка е против двојни стандарди за РМ во пристапувањето кон ЕУ! – Расте фрустрацијата кај кандидатките и ќе го изгубиме регионот!

Ние не можеме да прифатиме дека во европската интеграција која е поставена на ЕУ стандарди има различни критериуми за различни држави. Северна Македонија може да смета на големата поддршка на Словачка во евроинтеграцијата. Ова е наша улога којашто ја потврдивме уште на Самитот во Солун во 2004 година, но денес може да кажеме дека не […]

Муцунски: Непристојно е Бугарија-членка на ЕУ да биде прибежиште за осудени лица, мора да ги почитува врвните европски стандарди за владеење на правото!

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски упати остра порака до официјална Софија во врска со третманот на лицата кои избегале од македонското правосудство, со конкретен осврт на случајот со Ива Михајлова. Тој нагласи дека државите-членки на Европската Унија мора да ги почитуваат врвните европски стандарди за владеење на правото.

Мицкоски: По 6 месеци од најавуваните скандали за унгарскиот кредит, нема ниту „К“ од криминал

Мицкоски посочи дека наместо најавуваните скандали од опозициската СДСМ, досегашните информации покажуваат дека средствата од унгарскиот кредит биле искористени за поддршка на економијата и на домашното стопанство, а тоа го потврди и извештајот на Државниот завод за ревизија

Најнови вести

To top