Македонија

Филипче да се погрижи за СДСМ, а не изборите во Унгарија, препорачува ВМРО-ДПМНЕ

Засукај ги ракавите и стави ја својата партија, на здрави нозе, ако може да се дека е твоја, бидејќи ти си таму само чувар на фотелјата, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Приоритет број еден, а и единствен на Филипче, треба да му биде оградувањето од Заев ако сака СДС да застане на свои нозе. А, СДС, токму тој ја втурна во жива кал и сега оди само надолу што се гледа и од резултатите на последните минатогодишни избори на кои паријата едвај е трета во некои општини, а во некои дури и петта, му препорачуваат од ВМРО-ДПМНЕ на лидерот на опозициската СДСМ..

„Филипче, затоа помалку грижи се за избори и изборни резултати во други држави.

Засукај ги ракавите и стави ја својата партија, на здрави нозе, ако може да се дека е твоја, бидејќи ти си таму само чувар на фотелјата. И тоа е пред се важно, бидејќи за развој на една држава потребна е здрава опозициска партија, опозициска партија која стои на свои нозе. Само така ќе помогнете во и за државата и за граѓаните.

Филипче, ако продолжиш да се возиш на приказната на Заев, СДС може да се соочи со исчезнување од политичката сцена. Секако, криминалите на другар ти Заев мора да ги истражат надлежните правосудни органи во Македонија.

Венко Филипче и актуелното раководство на СДС, кое тој го постави по негова мерка, треба конечно да се оградат од Зоран Заев и сите нему блиски сомнителни проруски бизнис партнери во матни и криминални зделки.

(…)

Да повториме, бидејќи нели повторувањето е мајка на знаењето, пред се, за да му стане јасно на Филипче, се вели во соопштението од владејачката партија.

Најнови вести од: Македонија

Велигденска убавина во Бутел: Воскресението не е приказна, туку сила што не потсетува да не се откажеме дури и кога е најтешко (ВИДЕО)

Овој убав пример од Бутел покажува дека вистинската убавина на Велигден не доаѓа од црквата, туку од срцата на младите кои со љубов го слават најсветлиот христијански празник.

To top