Македонија

Филипче го одби повикот на Мицкоски за обединување

Што за премиерот е обединување? Да му дадеме поддршка за неспроведувањето на уставните измени? Тоа нема да се случи

Што за премиерот е обединување? Да му дадеме поддршка за неспроведувањето на уставните измени? Тоа нема да се случи – изјави лидерот на опозицискиот СДСМ, Венко Филипче, откако претходно денеска премиерот Христијан Мицкоски во својот говор по повод Денот на победата и Денот на Европа, повика на единство и обединување бидејќи само така, како што рече, може да се дојде до трајни решенија.

„Премиерот вели дека е потребно обединување, но кажува ли за што да се обединиме? Што е за него обединувањето? Да му дадеме поддршка да не ги прави уставните измени за да може да продолжат да крадат? Тоа нема да се случи. Се поставува прашањето зошто не сака да го направи чекорот што сите знаат дека треба да го направи и што никако не го загрозува нашиот идентитет, култура или што било, а кој премиерот го претставува како предавство, а тоа се уставните измени. За какво обединување станува збор?“, изјави Филипче по одбележувањето на Денот на Европа и Денот на победата

Лидерот на СДСМ ги отфрли обвинувањата дека тие како опозициска партија се против реформите.

„Како сме ние против реформски закони кога лани бев на состанок кај премиерот и понудив заедничка работа како никогаш досега во политичката пракса во државата. Ниеден закон не се донесе во 2025 година, само еден и тоа не по препораките на ЕУ. Така што, тоа што кажува премиерот е само изговор затоа што се знае што треба да се направи за да се почне со преговорите, а тоа се уставните измени“, вели Филипче.

Тој ја обвини власта дека користела лажна кампања во предизборието и најавувала поништуваање на Преспанскиот и Договорот за добрососедство оти наводно биле предавнички, но тоа не го сторила. Според него, власта не сака да оди по патот кон Европа затоа што се плаши од европска контрола на системот.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска по повод Денот на Европа порача дека Европската Унија останува наша определба, но дека нема да дозволи пазарење со идентитетот.

Најнови вести од: Македонија

ШОКАНТНО: Бугарски истражувач открива дека Ива Михаилова е заложник на бугарската тајна служба (ВИДЕО)

Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар Станислав Цанов, во кое се објавени аудиоразговори со Ива Михаилова со сериозни тврдења за закани и психичко малтретирање од бугарската тајна служба ДАНС.

Одбележани 82 години од ослободувањето на Ѓорче Петров

Со свечена церемонија и положување цвеќе, денеска беше одбележана 82- годишнината од ослободувањето на Општина Ѓорче Петров -14 Ноември, ден кој претставува траен симбол на слободата, храброста и пожртвуваноста на генерациите кои се бореле за подобра иднина.

Филмот „17“ е номиниран за „Европско откритие“, што го доделува ФИПРЕСЦИ на Европските филмски награди

Филмот „17“, дебитантско долгометражно остварување на режисерката Косара Митиќ, е номиниран за 39. Европски филмски награди во категоријата „Европско откритие – Награда ФИПРЕСЦИ“ (European Discovery – Prix FIPRESCI).

Околу 40 илјади граѓани во Македонија имаат дијабетес без поставена дијагноза

Околу 135 илјади граѓани во Македонија живеат со дијабетес, од кои 4.000 имаат дијабетес тип 1. Дополнително, се проценува дека речиси 40 илјади лица ја имаат болеста, но сè уште немаат поставена дијагноза.

Ширум Франција и денеска се одржуваат протести на младите и на Движењето Жолти елеци

Ширум Франција и денеска се одржуваат протести на младите и на Движењето Жолти елеци за поголеми плати, зголемување на средствата за образование, како и за поголема заштита на децата и адолесцентите. – За денеска низ цела Франција се очекуваат од 50 до 60 собири, изјави францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез. Тој додаде дека […]

Вештачката интелигенција ќе има задача да ги открива нерегуларностите во јавните набавки

Една од позначајните новини е задолжителното користење на критериумот „најдобар сооднос меѓу цената и квалитетот“ кај јавните набавки со повисока вредност. Со ова институциите нема автоматски да се водат само од најниската цена, туку ќе треба да ги земат предвид и квалитетот и другите карактеристики на понудите. Предвидено е институциите што планираат повеќе од три […]

Реформската агенда и клучните законски решенија ќе бидат заокружени до декември

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата интензивно работи на исполнување на чекорите од реформската агенда во рамки на предвидениот грејс период, со очекување сите реформи да бидат целосно завршени до декември.

ЗНАМ: Повеќе од 30 членови на СДСМ од Ѓорче Петров преминаа во кај нас, бидејќи СДСМ нема повеќе политичка визија, ниту доверба кај граѓаните

Повеќе од 30 членови на ОО СДСМ – Ѓорче Петров ја напуштија партијата и пристапија кон Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија. Овој чекор е уште една потврда дека се поголем број граѓани ја препознаваат политиката на ЗНАМ како автентична, принципиелна и посветена на интересите на граѓаните, соопшти движњето.   Причина за преминот, според ЗНАМ, […]

To top