Македонија

Филипче и Апасиев во мртва трка за трето место, Мицкоски со 5 пати повисок рејтинг

Лидерите на СДСМ и Левица се далеку и од второто место

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер
Христијан Мицкоски има петпати поголема доверба кај граѓаните отколку лидерот на опозицијата Венко Филипче.

Ова го покажува најновата анкета на Институтот за политички истражувања ИПИС.

Според истражувањето рејтингот на Филипче од 5% е речиси идентичен со оној на лидерот на Левица, додека лидерот на ДУИ Али Ахмети има 9%.

Телефонската анкета спроведена на 1.114 испитаници во рок од три дена покажува дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ има 2,5 пати поголем рејтинг од СДСМ, која пак има речиси изедначен рејтинг со ДУИ.

Граѓаните имаат 8,2% доверба во коалицијата ВРЕДИ, додека Левица предничи со 5,8% доверба наспроти ЗНАМ со 3,9%.

Повеќе од четвртина од граѓаните се задоволни од работата на актуелната Влада, додека исто толку рекле дека се деонекаде задоволни. Речиси исто толку се изјасниле дека не се задоволни, додека 17,9%, повеќе од шестина, рекле дека донекаде имаат негативно мислење за спроведените политики.

Најнови вести од: Македонија

Велигденска убавина во Бутел: Воскресението не е приказна, туку сила што не потсетува да не се откажеме дури и кога е најтешко (ВИДЕО)

Овој убав пример од Бутел покажува дека вистинската убавина на Велигден не доаѓа од црквата, туку од срцата на младите кои со љубов го слават најсветлиот христијански празник.

Обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

Остро и недвосмислено го осудуваме овој чин. Истовремено, повикуваме на јасна, гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. Само преку заедничка одговорност и будност можеме да обезбедиме ваквите појави никогаш повеќе да не се повторат

To top