Македонија

Филипче и неговиот ментор Заев си ги ладат на јахта на Халкидики, а членови и ботови нека критикуваат „режим“, ветувајќи „победи“!

Информативниот портал констатира: Некој си ги лади на јахта на Халкидики, а некој, како „загреаните“ на Бихаќка, па и некои постари членови и ботови, активирани специјално за кампањата за локалните избори да се пенават и да ломотат на цел глас глупости.

„Додека во Скопје, покрај пеколното време, се вжештува и политичката дебата пред кампањата за локалните избори, актуелниот и поранешниот лидер на СДСМ, Венко Филипче и Зоран Заев, предизборно си ги ладат на луксузна јахта на брегот на Егејското Море.“ – пишува информативниот портал „Плус инфо“ во својата информација со наслов „Филипче и Заев си ги ладат најахта на Халкидики – Венко тренира да го џитне сидрото да влече напред на локалните избори“.

Натаму порталот пишува: насловната фотографија е снимена вчера, на 10 август 2025 година, на вториот крак на Халкидики, пред ексклузивната кафеана „Панос“. Ексклузивниот пловен објект е на Зоран Заев и е закотвен на третиот крак. Паѓа во очи распоредот на екипажот на ова пловило. На „клунот“ на јахтата е Венко Филипче и веројатно тренира да го џитне сидрото да влече напред. Позади, кај моторот, е неговиот ментор Зоран Заев. Да се знае кој е моторна сила на партијата и кој дејствува од заднина.


На јахтата не се гледа најдобро третиот важен лик од друштвото, градоначалничкиот кандидат на СДСМ за скопската општина Аеродром – Александар Трајаноски. Но, затоа имаме фотографии од кафеаната „Панос“, каде што јасно се гледа дека Трајановски е зафатен со „делкање“ на ручекот, што веројатно го платил главниот спонзор. Инаку, како што е повеќе пати јавно соопштувано од челниците на СДСМ, Заев никако не се меша во партиските работи и во изборите. Што се потврдува и од приложеното.

И така … Некој си ги лади на јахта на Халкидики, а некој, како „загреаните“ на Бихаќка, па и некои постари членови и ботови, активирани специјално за кампањата за локалните избори, нека се пенават и нека ломотат на цел глас, нека критикуваат „режим“, нека ветуваат победа и слични глупости. – пишува „Плус инфо“.


Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е дел од Самитот на ЕПП на кој ќе разговараме за глобалните предизвици, а ние ќе ставиме акцент и на проширувањето на ЕУ

Сите оние постигнувања и реформи коишто изминатите месеци како ВМРО-ДПМНЕ, односно како македонска Влада ги направивме, потенцира во изјавата Мицкоски

(Фото): Пролетна генералка на Скопје, јавните претпријатија на терен

Координирана акција за темелно чистење на сите површини под надлежност на Град Скопје започна денеска во утринските часови. Екипите на сите јавни претпријатија се вклучија во пролетната генералка на Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека ова е јасна порака дека редот, чистотата и грижата за заедничкиот простор стануваат секојдневие.

Морничави детали на судењето за убиството во Штип: Делови од телото и крвавата облека фрлени во контејнери

Во штипскиот Основен суд денеска продолжи судскиот процес против 75 годишниот Денис Асанов, кој е обвинет за убиство на 79-годишната Борјанка Николова. Според обвиниението Асанов се товари за кривично дело „убиство“ извршено при родово базирано насилство на брутален начин. Пред Судот денеска сведочеа роднина на убиената Николова и инспектори од СВР-Штип, кои работеле на случајот.– Во домот на обвинетиот беа пронајдени секира, мотика, тесла, и дрвена рачка, на кои имаше траги од крв. Анализите покажаа дека потекнуваат од женско лице. Во купатилото, ходникот и кујната, откриени се траги на човечко ткиво, а според вештачењето, телото било влечено од дневната соба кон купатилото – рече во својот исказ вработен во СВР-Штип.

To top