Македонија

Филипче : Или “пржинска” влада или…

Се зајкани дека доколку законот продолжи да се носи во собраниска процедура, пратеничката група на СДСМ ќе се повлече од работната група за изборниот закон

Актуелниот лидер насоцијалдемократите,ја известува јавноста за следните чекори на пратеничката група на СДСМ и коалицијата во врска со носењето на Законот за Влада со кој се предвидува укинување на Пржинската влада, соопшти претседателот на СДСМ Венко Филипче.

Спооред него ставот на партијата е дека техничката влада не треба да се укине, бидејќи, како што рече, таа претставува единствен гарант за одржување фер и демократски избори, изјава дадена во рамки на партиско соопштение.

Тој вели дека, според СДСМ, постојат сериозни сомнежи за политичко влијание врз правосудниот систем и за начинот на кој се користат податоци од државни системи, што, како што рече, дополнително ја засилува потребата од задржување на постојниот модел на техничка влада, стои во соопштение.

Додава дека доколку законот продолжи да се носи во собраниска процедура, пратеничката група на СДСМ ќе се повлече од работната група за изборниот закон, како што е наведено во партиско соопштение.

Според Филипче, Пржинската влада останува клучен механизам за обезбедување фер изборен процес, а СДСМ бара власта да се откаже од предложените измени, стои во партиско соопштение. објави Скопје1.мк

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top