Македонија

Филипче ја злоупотреби професијата за политика и според фидбекот многу згреши

Никој не спори дека Филипче е добар хирург ама за политика….

Лидерот на СДСМ Венко Филипче наиде на осуда од дел од јавноста кога вчера ја злоупотреби професијата за политички цели и според фидбекот многу згреши.

Филипче се обиде да го нападне ВМРО-ДПМНЕ со лекарски жаргон но освен од партиските поддржувачи не ја доби очекуваната реакција.

,,Хирургијата бара прецизност, одговорност и чисти раце.

Политиката што ја водат ВМРО и Мицкоски – обратно.

Додека ние спасуваме животи,
тие ја трујат државата со лаги, поделби и криминал.

Време е конечно да се оперира системот.
Без анестезија”, напиша Филипче кој како да заборавил дека до 2024 година цели 7 години беше на власт а преходно беше советник на министерот за здравство на ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров.

Покрај позитивните реакции кои го радуваат Филипче треба да се замисли за овие коментари:

Зарем има потреба од споредување на политиката и медицината?! Посебно од лекар за да се користи за напад на политичките противници. Невкусно!

Докторе 11 години го опериравте системот, спасувајте животи сега подобри сте во тоа.

Мајсторче тебе и на твојот ментор, несудениот нобеловец од Муртино, црпнатицата ЗЗ, рацете ви се крвави до под пазуви. Ништо не ве пере! Особено тебе за луѓето што живи изгореа во болницата во Тетово.

За таму си.. со закон да се забрани доктори во политика….а најмалку за доктори како тебе

Остави политика работај си го тоа за што си стручен.

Сите коментари од кои некои не ги пренесуваме на овој линк

https://www.facebook.com/share/p/19heoErXst/

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова со Бланар: Словачка е против двојни стандарди во третирањето на земјите-кандидати за ЕУ

Словачка со силна поддршка за Македонија. Претседателката Сиљановска-Давкова денеска го прими министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој престојува во официјална посета на земјава.

Премиерот е за отворање рудник за антимон кај Крива Паланка – „Штука“ и „Иловица“ предмет на судска постапка

Мицкоски истакна дека арбитражниот спор за „Казандол“ завршил во корист на македонската влада и дека украинската компанија, која била концесионер и ја покренала постапката, треба да ги плати трошоците поврзани со арбитражата.

Производството на струја е стабилно, рече министерката Божиновска

Произведената електрична енергија во земјава сега се продава по 65 евра за мегават-час, што е повеќе од двојно пониска цена во споредба со периодот кога актуелната Влада ја презела функцијата, кога цената надминувала 135 евра.

Мицкоски за Филипче: Ме нарекува „идиот“, а „идиот“ 7-8 пати го победува на избори, и нека се запраша кој е вистинскиот идиот?!

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли обвинувањата упатени кон него, истакнувајќи дека бил навредуван оти е „арамија“, „предводник на организирана криминална група“ и “нарко-трговец. Тој потсети и дека Филипче го нарекол „идиот“, прашувајќи кој е, поправо, вистинскиот идиот, ако тој тој успеал да победи на седум или осум избори.

Мицкоски: Предложивме студентскиот оброк да се зголеми на 4.500 денари месечно, да се воведе дигитална М-услуга и можност за дополнителни попусти

Зголемување на субвенционираниот студентски оброк од сегашните околу 3.500 на 4.500 денари месечно, можност за дополнителни попусти при купување храна и воведување посебна дигитална услуга преку апликацијата М-услуги, ова е предлогот што Владата им го презентирала на претставниците на студентските парламенти на сите универзитети, информираше денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашање на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска за младинските политики и студентскиот стандард.

Бланар: Словачка е против двојни стандарди за РМ во пристапувањето кон ЕУ! – Расте фрустрацијата кај кандидатките и ќе го изгубиме регионот!

Ние не можеме да прифатиме дека во европската интеграција која е поставена на ЕУ стандарди има различни критериуми за различни држави. Северна Македонија може да смета на големата поддршка на Словачка во евроинтеграцијата. Ова е наша улога којашто ја потврдивме уште на Самитот во Солун во 2004 година, но денес може да кажеме дека не […]

To top