Македонија

Филипче му држи лекции на Црвенковски за СДСМ!

Или си СДСМ или не си

Или си СДСМ или не си, одговори лидерот на СДСМ Венко Филипче на прашањето да ги коментира фотографиите објавени на социјалните мрежи со поранешниот лидер Бранко Црвенковски.

– Во однос на сликата која излезе на социјалните медиуми вчера, јас можам само да го цитирам поранешниот претседател на СДСМ, а тоа е или си СДСМ или не си – рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање денеска на прес конференција.

Црвенковски во Охрид бил фотографиран во ресторан со градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков, и со пратеникот од истата партија Саше Донев.

На едната фотографија Црвенковски вечера во ресторан во Охрид со актуелниот градоначалник Пецаков кој е од редовите на ВМРО ДПМНЕ а на масата е и газдата на фирмата „Пупе компани“. На друга фотографија Црвенковски е со носителката на советничката листа на ЗНАМ за Охрид, Марина Горговска.

Таа самата ја објавила фотографијата на нејзиниот профил на Фејсбук.

Бранко Црвенковски јавно го замрзна своето членство во СДСМ во 2020 година по интервју на Зоран Заев за БГНЕС.

„Да се реафирмираат уште еднаш ставовите на СДСМ за македонскиот национален идентитет, македонскиот јазик, македонската историја, карактерот на антифашистичката борба и АСНОМ. До одржувањето на таква седница на ЦО, јас, Бранко Црвенковски, основач и долгогодишен претседател на СДСМ го замрзнувам моето членство во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија“, повика тогаш Црвенковски.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top